Русија одамна си дала сметка дека не може да си дозволи да биде сојузник на Бугарија. Веќе знае дека и Бугарија е свесна дека нема зошто да е сојузник на Русија.

На 24 мај претседателот на Руската Федерација свечено го прими претседателот на Македонија Георге Иванов. Во моментот во кој предметниот Иванов е подложен на безмилосни критики од Европската унија поради неговата улога во продлабочувањето на политичката криза во земјата. На оваа средба Владимир Путин направи нешто што никој господар на Кремљ од Сталин наваму не си го дозволил. Даде отворена поддршка на македонизмот. Навистина и во времето на Брежњев Советскиот Сојуз пушташе по некој спореден научник да ја лансира тезата дека „всушност“ Македонците никогаш не биле Бугари, секогаш говореле посебен македонски јазик, итн Обично следеа уште попонижувачки клетви за верност од страна на Тодор Живков и неговите соработници. Постсоветска Русија не си дозволуваше такво однесување. Елцин jа искористи посетата во Бугарија, за да ја признае Македонија и изрази верување дека ние Бугарите имаме најточна оценка за ситуацијата таму. Подоцна Руската академија на науките го збесна Скопје откако ги вклучи делата на преродбенските писатели од Македонија во делот за бугарската литература. За македонска литература, забележаа тие, може да се зборува во 20 век.

Владимир Путин не може да не си давал сметка дека ако со нешто може да ги навреди огромното мнозинство Бугари тоа е со поддршка за македонизмот. Тој нема како да не сфатил дека со изјавата ќе влијае на една чувствителна тема и за Грците. За нив солунските браќа се Македонци, но Ѓорѓи Иванов НЕ е. Примајќи го како претставник на „македонските земји“ рускиот претседател нема како да не се види во грчките очи како поддржувач на евентуалните територијални претензии, кои според Атина Скопје ги насочува кон нивната провинција со истото име. Гестот на Путин едвај ќе освои многу приврзаници и во самата Македонија. Луѓето таму се веќе уморни од кризата и мнозина го обвинуваат Иванов за нејзиното одолговлекување, кои доведоа до бруталните сцени кои се разиграа во зградата на Собранието.

И покрај сè, Путин игра ва банк. Зошто?

„Опишете ми ја географијата на некоја земја и јас ќе ви ја кажам нејзината историја“, рекол некогаш Наполеон. Сложените и често конфликтни односи меѓу Бугарија и Русија, од времето на кнезот Свјатослав до денес се должат не толку на нечија зла волја, туку на фактот дека ниту Русија може да си дозволи да биде сојузник на Бугарија, ниту Бугарија на Русија.

Русија е расположена во јадрото на огромниот суперконтинент Евроазија. „Срцевината“ (The Heartland) – наречена така од Харолд Макиндер – таткото на геополитичката наука – претставува една широка рамнина одвоена од океаните од четири подконтинентални региони: Кина, Индија, Блискиот Исток и „вистинска“ Европа. Африка во оваа „карта“ е само еден страничен „полуостров“, а Америка е „остров“. Макиндер ја нарекува „Срцевината“ – оската на историјата и верува дека откако ќе бидат изградени доволно железници кои да ја интегрираат оваа огромна рамнина – оној кој ја доминира ,ќе доминира во светот. Историјата покажа дека Макиндер греши. Повеќе од два века Русија и СССР ја доминираа „Срцевината“, но не можеа да го доминираат светот. Нешто повеќе, подконтинентите – Кина, Индија, „Вистинска“ Европа, а веќе и Блискиот Исток поседуваат поголема популација од таа на „Срцевината“. Економиите на некои од нив се доста динамични. Слабата врска на Русија со морињата не и овозможи да игра значајна улога во далечниот свет. Земјата има само две пристаништа на отворени океани. Но Мурманск и Валдивосток се наоѓаат далеку од срцевината на Русија. Петар Први и Екатерина Втора обезбедија излез на Русија на Балтичкото и на Црното Море, но тоа се внатрешни мориња поврзани со океаните преку тесни проливи контролирани од потенцијални непријателски сили. Додека Блискиот Исток е ретко населен, Русија сонува да ги освојат Босфорот и Дарданелите и дури да стигнат до Индискиот Океан. Денес и без мешање на надворешните сили тоа не е во нејзините сили. Наместо да „експлодира“ во експанзија, „Срцевината“ имплодира. По распадот на Советскиот Сојуз – најголемата геополитичка катастрофа во умот на Путин – Русија ја загуби и целосната контрола над „Срцевината“. Ако Украина и Казахстан се непријателски настроени кон Русија – тоа на практика незаштитлива. Но дури и тие да се пријателски настроени спрема неа, ако се попросперитетни од Русија, кохезијата на Руската Федерација ќе ослабне значително. Што би ги натерало Карелите, Чеченците и Бурјатите да живеат во една држава, ако има убедливи примери дека посебно можат да се справат подобро? Владимир Путин го пропушти „златниот дожд“ од приходи од високите цени на нафтата и не ја претвори Русија во динамична економија, која привлекува со висок стандард и атрактивен социјален модел. Во сегашнава ситуација, за Русија е од витално значење да е опкружена со појас на несигурност, та нејзините државјани да се убедени дека само закрилата на Кремљ би ги заштитила од беди и катастрофи. Примарната задача на Русија е да не и дозволи на независна Украина да стане пример на владеење. Москва не сака тоа да се случи и во Кавкаскиот регион, а и на Балканот. Како што се вели, ништо лично. За Русија ова е прашање на опстанок! Тоа во Бугарија се чини веќе го разбираат дури и изјавени русофили. Сепак, претседателот не отиде на парадата на Црвениот плоштад, а дури и Волен Сидеров „се кротнал“. Јавно Путин нема кого повеќе да го воодушевува и ја симна маската. Заложи на интрига меѓу Софија и Скопје.

Географијата во голема мера ја предодредила историјата и на бугарскиот народ. Тој, по дефиницијата на агенцијата Стратфор е гигантот на Балканот, но џуџето на Евроазија. Со векови Бугарите или доминираат со Балканот, или самите тие биле доминирани од надворешна на регионот сила. Русија се залага за обединета Бугарија во 1878, но само затоа што верува дека ако воопшто биде дозволено создавањето на таква, таа ќе биде доминирана од Санкт Петербург. Токму стравот од сличен развој ги тера западните сили да го раскинат нашиот народ во Берлин. Кога Бугарите се еманципираат од Русија, демократскиот Запад нема проблем со независна обединета Бугарија. На Лондонската конференција добиваме излез на Егејското Море и треба да проследат не една, туку две катастрофи, за да бидеме лишени од оваа најважна за нас геополитичка конфигурација. Но една обединета и европска Бугарија е последното нешто што Русија го сака. Конфликтот станува неизбежен. Во Втората балканска војна Русија и Бугарија се скриени, а во текот на Првата светска војна – отворени непријатели.

Се доаѓа до нов драматичен пресврт во „македонското прашање“. Интересот на Бугарија бара таа да ја „жртвува“ западна Македонија, за да може да се закотви на Егејското Море и да се сојузи со морските сили. Еден генијален македонски Бугарин Крсте Мисирков го разбира тоа. Тој е свесен дека ниту пристапувањето на цела Македонија кон Бугарија, ниту создавањето на автономна Македонија „со бугарска боја“ е можно. Сите други Балкански земји и Русија ќе се цврсто против. Затоа бугарските дипломати, најверојатно ќе прифатат поделба. Но за Македонците, кои до тогаш се одредувале како Бугари, кои ќе попаднат под власта на Србија или Грција – тоа ќе биде катастрофа. Затоа тој предлага да се работи за посебен македонски идентитет. Можеби Србија, Грција и Романија ќе проголтаа една посебна Македонија, ако таа не е со „Бугарска боја“.

Бугарија не ги предава македонските Бугари и влегува во серија од очајни војни, но сето завршува со катастрофа. Меѓу македонските Бугари избувнува нешто како граѓанска војна, откако „левите“ ја прифаќаат идејата за компромис со Југославија и изградба на нов идентитет – Македонци – ниту Срби, ниту Бугари. Преку Коминтерната тие добиваат поддршка од Советскиот Сојуз. „Десничарите“ опстојуваат на бугарштината докрај, но единствените сојузници им се фашистите и нацистите. По Втората светска војна „левите“ доминираат,  „десните“ се поразени и дискредитирани. Но во 1991 година Македонија добива независност. Огромен дел од потомците на преродбенските Бугари веќе не се под туѓ суверенитет. Ако двете земји се соберат, можеби не во една држава, но во еден сојуз, нашиот национален идеал ќе биде реализиран. За Русија ова е неприфатливо. Ништо лично.

Големото прашање денес е како ќе постапи Македонија. Ќе се фати ли на Путиновата јадица или ќе го следи својот интерес. А тој императивно бара зближување и еднојствие со Бугарија и брз влез во НАТО и ЕУ.

Ако Бугарија и Македонија сфатат дека не можат да ја поделат заедничката историја, а треба да ја споделат, дека двете земји се рамноправни наследници на бугарската цивилизација која ја создала кирилицата и дека заедно можат да постигнат многу повеќе, тогаш шансата Балканот да стане интегрален дел од “ Вистинската “ Европа нагло расте. Ова веројатно нема да им се допадне во Москва и во Анкара, кои сакаат да гопридвижат регионот кон „Срцевината“, или кон „Блискиот исток“.

Главната задача на државниците во Софија и Скопје е да се изборат тоа никогаш да не се случи. Ништо лично!


Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO