Не планирам да се повлекувам од претседателската функција. Ние победивме и добивме најмногу гласови на последните избори. Јас имам долг кон граѓаните кои не поддржаа да jа продолжиме борбата за една подобра иднина за Македонија.

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски при посетата во Охрид. Коментарот беше по повод множеството публикации во земјата дека тој ќе биде сменет од раководната функција откако не успеал да состави влада. Според него, „ова прашање се покренува од неговите политички противници и медиумите кои се блиски до нив, бидејќи сакаат да се дојде до промена во раководството на партијата“.

„Јасно е дека тие сакаат да се дојде до промена на раководството, бидејќи тие се плашат од ова раководство. Тие знаат дека ќе ги изгубат следните избори, како што ги загубија и досегашните“, рече Груевски.

Според него оној кој треба да поднесе оставка е лидерот на СДСМ Зоран Заев, бидејќи ги изгуби изборите и во 2014 и во 2016 година. Самиот тој пред двата избори вети дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите, изјави Никола Груевски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO