Мирослав Ризински, основач и потпретседател на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС), даде интервју за емисијата „Тоа е Бугарија“ на Радио „Фокус“ на 19.05.2015 год.,точно пред две години.

ТАТКОВИНА го публикува две години подоцна интервjуто со Мирослав Ризински во целост.

Радио „Фокус“: Раководството и значајна група на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје од различни градови во Македонија учествуваа на масовните протести во неделата против владата на Никола Груевски. Уште поважно е дека за првпат од десетици години бугарското знаме е дочекана пријателски од мноштвото во центарот на главниот град, без вообичаеното вештачки насадено непријателство. За прв пат бугарската тробојка се вееше пред зградата на парламентот и Владата во Скопје. За настаните во Македонија разговараме со Мирослав Ризински, Бугарин од Македонија и дисидент, основач на Бугарскиот културен клуб во Скопје, осуден за смислена обвинение од македонските власти и ослободен откако во негова одбрана се изјаснија стотици бугарски општественици и интелектуалци, како и сите бугарски европратеници. Зошто отидовте на овој митинг, зошто отидовте на овие протести, г-дин Ризински?

Мирослав Ризински: Сите сме сведоци за начинот на кој управува актуелната влада на Македонија – тоа се карактеризира со целосна контрола на медиумите, судството, нетранспарентно трошење на државните средства. Тоа е крајно недемократска и тоталитарна власт, која се повеќе личи на клан. Во такви услови граѓанско право и обврска на секој граѓанин во Македонија е да го изрази своето мислење и протест против таква владејачка гарнитура. Тоа беше главното. Ние како БККС имаме сомневање и разлики со грбнакот на опозицијата.

Радио „Фокус“: Ете затоа сакам да ве прашам, г-дин Ризински. Вие сте и политички затвореник, а грбнакот на оваа опозиција е наследникот на поранешните комунисти: тоа се Социјалдемократите на г-дин Зоран Заев. Тоа не е ли некаква политичка инсинуација. целата оваа работа. Дали во основата на овие протести не стојат едни политички расправии за власт? Тоа е важно да се разбере.

Мирослав Ризински: Сосема нормално е политичките партии да се обидуваат да дојдат на власт. Тоа во една демократија и демократска држава е сосема нормално. Правото на секоја политичка партија е да нуди решенија за дадени кризни ситуации или проблеми со кои се соочува една држава, а пак граѓаните од ова множество на разлики на политички идеи да решаваат на која од политичките партии да дадат поддршка. Во моментов лидер на овие процеси се испоставува дека е лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој во последно време, како на сите е познато објавува аудио записи од прислушувањето и материјали кои покажуваат прислушување, на кои сите сме сведоци дека министри вклучувајќи и Никола Груевски и блиски до него луѓе на практика покажуваат и докажуваат на каков начин ја практикувале власта во Македонија.

Радио „Фокус“: Вие му верувате ли на г-дин Заев? Реалната опозиција ли е тој во Македонија?

Мирослав Ризински: Ние во нашето соопштение експлицитно кажавме дека нашето учество на протестот беше во името на слободата, демократијата и владеењето на правото. Ние исто така ја поздравуваме храброста на Зоран Заев, со која ги објавуваше овие записи, од кои се гледа на каков начин управува владата во Македонија. Но исто така го повикавме опозицискиот лидер да собере храброст и да го признае фактот дека во Македонија живеат Бугари. Самото учество на протестите не подразбира поддршка за Зоран Заев. Ние всушност сме против власта во дадениот момент. Исто така ќе покажеме сличен однос кон која и да е друга влада, која ќе продолжи со истите практики. Најмногу она што нас не засега, а тоа се правата на Бугарите во Македонија. Продолжуваме категорично да инсистираме на потпишувањето на договорот со Бугарија, што подразбира целосна реформа на образовниот систем во Македонија, за да се исфрлат од неа сите извори на омраза кон Бугарија, а најмногу фалсификатите на бугарската историја. ВО спротивен случај ние ќе реагираме на начин, како што реагиравме и овој пат против Груевски. Секој во една држава – во конкретниот случај Македонија – треба да носи конкретна одговорност за иднината на една држава. Не личи и не е природно секогаш да стоиме настрана од процесите и да очекуваме некој друг да ни ги реши. Значи мислам дека Бугарија треба да ги поддржи интересите на граѓаните на Македонија за нејзиното поскорешно присоединување кон ЕУ. Најмногу да ги поддржи луѓето кои се со бугарска самосвест, бидејќи тие навистина има што да кажат за иднината на Македонија. 9 години Македонија се наоѓа во целосна изолација, не само како резултат на недемократското владеење на Груевски, туку поради една идеологија која ги обединува сите политички гарнитури во Македонија – без разлика дали се леви или десни, друго е прашањето колку тие самите се навистина леви или десни и дали и двете политички структури согласно нивната идеологијата не покажуваат дека се две страни на иста монета. Што на пример ВМРО-ДПМНЕ ја прави десна или демохристијанска партија, под услов што од самите материјали од прислушувањето гледаме како тие се обидуваат да ги скријат фактите за убиствата на луѓе во Македонија. Што ја прави десна и демохристијанска партија ВМРО-ДПМНЕ, кога сомневањата и сите податоци говорат дека најверојатно во Куманово сè е испровоцирано од нејзините лидери – на ВМРО-ДПМНЕ. Какви реално се всушност тие, кога дури и по цената на животите на луѓето сакаат да останат на власт. Според мене, ние не треба да робуваме на црно-белото гледање во политиката и треба сите да преземеме одговорност и посветеност за иднината на Македонија.

Радио „Фокус“: Што очекувате да се случи во наредните недели во Македонија?

Мирослав Ризински: Сведоци сме дека самата криза, политичката криза се продлабочува и повеќе од јасно е дека опозицијата нема да се согласи со создавање на некаква влада во која премиер ќе биде Никола Груевски. Нивното излегување од парламентот на Македонија го основаа на тоа дека Никола Груевски постојано спроведува не демократски избори, за кое зборуваат и извештаите на американскиот Стејт департмент. Значи сметам дека притисокот, кој во моментов станува се посилен од меѓународната заедница, во кој сè повеќе гласно се слушаат мислењата на дипломати и претставници на земји членки на ЕУ, кои единствено сметаат дека решението е во оставката на Груевски и мислам дека е време на денови кога навистина владата на Груевски ќе падне. Сите бевме сведоци на она што се случи на протестот во неделата, колку луѓе, Македонци, Албанци и Турци учествуваа во него. А тоа говори дека граѓаните на Македонија, независно од нивниот религиозно и етничко потекло, се обединети во своето барање за оставка на владата на Груевски.

Интервjуто го направи Цонjа Сабчева


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO