
Новата историја на Босилеградско е интегрален дел од стремежот на бугарската нација за ослободување и национално обединување. Историската рамка во која започнува Босилеградскиот погром во почетокот на минатиот век, на кратко изгледа вака.
Бугарија се вклучува во геополитичкиот судир за време на Првата светска војна на страната на Централните сили, верувајќи дека тие можат да го гарантираат нејзиното национално обединување. Заедно со сојузниците, бугарската армија започна воена офанзива против Србија. За помалку од два месеца српското кралство престанува да постои. Остатокот од српската армија се спасува во Албанија. Во овладеаните зони Централната унија воведува своја администрација. Бугарија ја создава Македонската и моравската воено-инспекциска област со изградени окружни, околиски и општински структури.
Во 1916 година војната продолжува на јужниот фронт на границата со Грција, и на северниот фронт во Романија. Извојувани се Северна Добруџа и југоисточна Македонија, но затоа пак е отстапен реонот на Битола. Согласенските сили комбинираат воени дејствија на Јужниот фронт со спроведување на диверсантски и саботажни акции во Поморавјето. Оваа задача е доделена на српскиот поручник Коста Миловановиќ Печанац, кој кон крајот на септември 1916 година со авион е транспортиран во Поморавјето со инструкции да ја организира т.н.. Топлишка Буна против бугарската власт, за да го ослабне тилот на бугарската команда и да го координира со обидите за продор на Јужниот фронт.
Инвазијата на четата на Коста Печанац на територијата на Царството Бугарија на 15 – 16 мај 1917 година во Босилеградско, е дел од оваа акција. Палењето на Босилеград и околните села, насилството, теророт и убивањето на мирни граѓани, од чисто научно-историска гледна точка, веќе е разјаснето, опишано и запазено за генерациите, како во книгата на историчарот Ангел Джонев „Погромот во Босилеградско“, така и во неговата фотодокументалната изложба која ја претставивме. Сакам посебно да им се заблагодарам на г-дин Джонев за професионално и совесно завршената работа. Истражувајќи ги бугарските и српските историски извори, тој со денови и часови ги следи причините, мотивите и конкретните настани кои довеле до погромот и ги разјаснува по еден неоспорен научно-историски начин. Свесен е за историските процеси на Балканот и особено за српската експанзија кон бугарските земји, преку територијата на Босилеградско во војните од 1885, 1913, 1917 и 1919 година како и со глобалната слика на историските настани кои не донесоа до тука.
Ние не треба да робуваме на историјата, но исто така не можеме да ја разбереме сегашноста без да го познаваме минатото. Задачата на историјата е проучувајќи го минатото, да се загледа во историските процеси и да им објасни на современиците си за причините на сегашните феномени и проблеми. Историјата на сегашноста, како што вели Мишел Фуко, е историја на болеста, историја, врз основа на која може да се постави дијагноза и дури да се препише терапија.
И уште нешто, историјата е процес во кој минатото и сегашноста се меѓусебно поврзани фази и не можат да се разгледуваат одделно.
Често пати, особено меѓу помладите, историските прашања се пречекуваат со досада: доста со таа историја, ние не можеме да го вратиме времето назад, мора да гледаме напред, гледате ли Европа се обединува, ние треба да учиме од развиените европски земји треба да го заборавиме национализмот и да одиме напред и т.н. и т.н..
Овој пристап е целосно наивен и погрешен. Европа измина многу тежок пат за да стане она што е денес. Колку и да ни се сака, ние нашиот пат не можеме да го прескокнеме. Треба да го изодиме чекор по чекор, колку и тежок и исцрпувачки да е тој.
Затоа денес, освен да го сочуваме и да оддадеме почит на жртвите од масакрот на денешен ден пред 100 години, ние сме должни врз основа на историските истражувања да ги направиме заклучоците со кои да ги објасниме причините на денешните феномени и настани и да се обидеме да откриеме што најмногу влијаело врз денешната ни положба да биде токму таква какво што е сега.
Претпоставувајќи дека минатото и сегашноста се поврзани во еден долготраен процес со одложено дејство во времето, тогаш ќе ни биде полесно врз основа на денешните последици да дадеме поточна процена на историските настани од пред 100 години. Минатото и сегашноста взаемно се објаснуваат и истражувањето на минатото не е некакво интересно екзактно занимање, а обид да се објасни сегашноста и дури да се предвиди иднината. Со други зборови, за да дадеме одговор на комплицираните прашања кои се поставуваат денес, треба да ги знаеме нивнитр причини.
Целта е да се напипа пулсот на историското време, да се процени историскиот процес во кој се наоѓаме, да се доближиме до дијагнозата, да го предвидиме развојот на болеста и да понудиме некаква прогноза.
Затоа, и тоа што го правиме денес, исто така е дел од историскиот процес – тоа влијае и ја одредува иднината. Ние треба да направиме се што е во наша моќ да ги предупредиме грешките од минатото да не се повторат никогаш веќе, и да работиме за новите европски процеси на Балканот, кои гарантираат мир и безбедност во иднина.
Не само затоа што сме ги изгубиле војните за национално обединување и сме можеби меѓу најпогодените од великосрпската експанзија кон бугарските земји. Од денешната дистанца од еден век, сфаќаме дека и ние Бугарите како поразени, и Србите како победници во Првата и Втората светска војна, сме губитници. Сме изгубиле не само територии и население, но и меѓусебна доверба, мирот, безбедноста и изгледите за развој. И уште, се покажа дека разликата помеѓу победниците и победените во историски план е премногу релативна. Бремето од територијалните придобивки се покажа исто толку тешка за победниците, како и нашата мака по изгубеното.
Југославија беше создадена со силата на српското оружје од туѓи територии и странско население во геополитичката распределба на Големите сили во почетокот на 20 век. Благодарение на силниот воено-полициски механизам кој ги потиснуваше легитимните аспирации на југословенските народи за слобода и независност, Југославија преживеа осум децении откако ги смени сите засега познати видови државни уредувања и седум пати го смени името. Динамичниот развој на Европа не соочи со нови предизвици. Версајското уредување на Европа се распадна, вековните европски непријатели си поддадоа рака во знак на национално помирување и ги почнаа европските интеграциски процеси.
Општочовечкиот стремеж кон слобода, демократија и прогрес на југословенските народи се судри со тоталитарниот систем на управување и доведе до крваво распаѓање на поранешна Југославија. Националните елити во постјугословенските држави немаа сила и храброст критично да погледнат на минатото и креативно да ги користат слободата и демократијата за развој на државноста.
Го велам сето ова, за да истакнам дека нашата историска драма всушност започнува со серија инвазии и воени злосторства, кои имаат за цел да ја освојат нашата територија и да не србизираат во името на југословенската утопија. Оваа првична цел, го одредува карактерот на историскиот процес кој трае веќе 100 години и кој не соочи со опасноста да изчезнеме како малцинство.
При тоа и ние самите и до денес имаме проблем со осознавањето и перцепцијата на оваа жестока вистина. А како што знаеме, само вистината може да не направи слободни.
Светот се развива исклучително динамична и брзо. За да можеме и ние на Балканот да се вклучиме во новите процеси во Европа, треба да го користиме искуствата на народите кои го измина патот на катарзисот и ги преиспитаа историските грешки. За да тргнеме напред, ние, условно кажано, треба да излеземе од рововите на Првата и Втората светска војна. Да го закопаме минатото и да му подигнеме споменици во знак на почит и предупредување до идните генерации. Да ја ослободиме историјата од канџите на националистичките идеологии и од средство за воспитување на војници и генерали, да ја претвориме во дел од културата на слободните и мирољубиви луѓе.
За да се случи „историското помирување“ нема потреба од апстрактните споменици со идеолошки испишани пораки. Ајде само смирено да оддадеме почит на жртвите на војните како прв чекор кон осмислување на историјата, кон помирување меѓу Бугари и Срби, кон развојот на добрососедските односи меѓу двете соседни држави, за да го изодиме патот до членството на Србија во ЕУ.
Дотогаш наоѓаме за исклучително важно да предупредиме за следново:
Во моментов, во кој ние проговоривме за стартување на процесот за национално помирување меѓу Бугари и Срби, отспротива се појавија речиси ултимативни предлози бугарската страна да се поклони и да ги признае „злосторствата“ така како тие ги опишале во српската историографија. Оваа пребрзаност покажува дека и покрај жестоката цена која сме ј платиле во 20 век, и по 100 години од нас се сакаат уште признанија на однапред напишани обвинувања, признавање на вина и легитимирање на едни, најблаго речено, контроверзни историски тврдења. Обидите да се замени одбележувањето на 100 годишнината од Босилеградскиот погром и поставувањето на спомен плоча на 32 невини убиени граѓани од четниците на Коста Печанац на 15 мај 1917 година, кон некоја друга дата и откривање на некаков апстрактен споменик на „историско помирување“, по суштина е лизгање по друга рамнина и обид да се замени значењето на одбележувањето на паметта и давање на почит на жртвите, осмислување на трагичните историски настани и да се спречи мачниот процес за национално помирување меѓу Бугари и Срби.
Спомениците се израз на духовната култура. Не е потребно да се покренуваат нови монументални споменици со идеолошки пораки за „историско помирување“. Бидејќи има доволно споменици кои почиваат врз коските на невино загинати Бугари и Срби.
Во таа смисла костурницата на Нешков врв крај Димитровград, во која се сместени коските на бугарски и српски војници од братоубиство Српско-бугарската војна од 1885 година, би можела да ја одигра улогата што гробиштата во Вердјун ги одиграле за националното помирување меѓу Германците и Французите со паметното ракување меѓу претседателот Франсоа Митеран и канцеларот Хелмут Кол.
Востановувањето на разрушениот споменик во Царибродското гробишта е дел од овој процес. Претстои да откриеме каде се закопани коските на оние 442 бугарски и 526 српски војници и офицери кои загинале во воените дејствија во Босилеградско од 28 јуни до 18 јули 1913 година, да им подигнеме незаборавен знак да им оддадеме почит и да направиме сè што е во наша моќ никогаш повеќе да не се повторат трагичните историски настани.
Тоа е наша должност кон жртвите и кон идните генерации. Дури тогаш страниците на историјата може да бидат затворени и конструктивно и креативно да се пристапи кон проблемите на сегашноста и иднината.
За да може да тргне овој процес ние треба да влеземе во дијалог. За да се помириме со другите, ние прво треба да се помириме со самите себе. Да видиме што не дели и што не обединува.
Во таа смисла ние уште еднаш повикуваме да се преиспитаат изјавите и активностите кон луѓето кои со години се обидуваат да го зачуваат бугарскиот јазик и писмо, и инсистираат за заштита на сè што е составен дел од нашата култура, вклучувајќи ги и спомениците на жртвите од војните. И ако треба да се извинат. Една демократска власт секогаш треба да ја почитува волјата и желбата на своите граѓани. Вклучувајќи и со оние кои инсистираме и со сопствени сили и средства сакаме да ги возобновиме и да подигнеме споменици на жртвите од војните. Да прекинат истрагите и судските постапки против нив. Да се даде дозвола да се обноват, и таму каде што нема да се покренат нови паметни знаци на конкретни жртви од војните. Да се елиминираат сите лажни идеолошки симболи кои репродуцираат национална омраза и воспитуваат антибугарски чувства кај младите генерации. Симболите на омразата да се заменуваат со симболи на пријателство меѓу двата народа – во Сурдулица, Прокупље, Врање и други градови. Да се организираат голем број на заеднички научни конференции, во кои да се дискутираат прашањата за надминување на историското наследство и акумулираната омраза наложена од институции, организации, новинари и поединци против Бугарија, за да може и српската јавност кај младите да образува реалистичен и позитивен став кон Бугарите, барем толку колку што таков став има во Бугарија спрема Србите. Да се стави почетокот на постојана работна група меѓу двете влади за решавање на наталожените проблеми во социо-економскиот и културниот живот на Бугарите во Западните Покраини.
Неприфатливо е да се политизира со паметта на жртвите. Неприфатливо е да има две административни процедури за поставување на спомен знаци во Босилеград, една, поедноставен и брз, за паметни знаци на „Ослободувањето на Босилеград од бугарската фашистичка окупација“, и друга, многу тешка, за паметни знаци на војниците и граѓаните кои загинале 1885, 1913, 1915, 1917, 1945 и потоа.
Помирувањето е поврзано со преземање на вина и одговорност, длабоко осмислување на историјата, осознавање на грешките од минатото, покајание и прошка во име на иднината, мирот и спокојството. Европскиот искуство покажува дека затоа се потребни државници и личности од друга величина и со друг тип политичко размислување. Нема потреба од громки и лицемери слогани за „историско помирување“ меѓу Бугари и Срби. Процесот на помирување треба да стане внатре во нашите срца и души, со страдање и молитва, а не со громки и необмислени политички изјави.
Ако сакаме да се избавиме од канџите на минатото и на дело да покажеме ново размислување и однесување, треба да почнеме од имињата на двете централни улици во Босилеград, оние на Георги Димитров и Јосип Броз Тито – две контроверзни личности кои оставиле крвави траги во снагата на бугарската нација. Да ги осудиме и прекинеме срамното прославување на „ослободувањето на Босилеград од бугарската фашистичка окупација“. До го возобновимеразрушениот од југословенските комунисти воен споменик на Царибродските гробишта. Да ги утврдиме имињата на сите босилеградчани кои загинале во национално-ослободителните војни и да им подигнеме споменик. Да ги најдеме имињата и подигнеме споменик на сите бугарски и српски војници и мирни граѓани кои загинале на територијата на Босилеградско во летото 1913 година и 1915 година. Да ја одбележиме и паметта на загинатите босилеградчани за време на Втората светска војна. Да ги возобновиме спомениците на петмината бугарски офицери на Босилеградските гробишта. Да подигнеме споменик на невините жртви на Коста Печанац. И понизно да се поклониме пред нивната памет.
И потоа, работите полека, ќе си дојдат на местото.
Иван Николов, претседател на КИЦ „Босилеград“.
