Берлин може да ги премести војниците од Турција во Јордан, ако Анкара не им гарантира дозвола на пратеници од комисијата за одбрана на Бундестагот да го посетуваат контингентот кој во моментов е во воздухопловната база Инџирлик.

Ова го изјави канцеларката Ангела Меркел. Според нејзините зборови е од големо значење пратениците да имаат пристап до 250-те војници кои служат во моментов во Инџирлик каде тие учествуваат во мисијата на НАТО против Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак. „Ќе ги продолжиме разговорите со Турција, но паралелно со тоа можеме да испитаме други патишта за исполнување на својата обврска“, рече Меркел. „Тоа значи да бараме алтернативи на Инџирлик и една од овие алтернативи е Јордан“.

Членовите на комисијата за одбрана на Бундестагот не биле пуштени до германските борци во Инџирлик, стана познато на 15 мај.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO