Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев. Поради блокираните демократски процеси, Македонија се соочува со проблеми кои им штетат на граѓаните и целиот државен систем. Таквата блокада ќе кулминира в понеделник кога истекува мандатот на градоначалниците и Советите на општините.

Вработените во општините, наставниците, ќе останат без плати и надоместоци. Граѓаните не ќе можат да ги добиваат потребните услуги од општините, велат во соопштение за јавност од СДСМ.

На тој начин, уште повеќе ќе се усложни ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и Р. Македонија. Затоа, потребен е итен и мирен транфер на власта, со цел Македонија што побрзо да добие функционални институции.

Апелираме до сите, вклучително и до Иванов, конструктивно да се вклучат во демократските процеси, да делуваат совесно и одговорно и час поскоро да овозможат мирен трансфер на власта и формирање нова реформска Влада.

Програмата на новата Влада ја гарантира унитарноста на државата, работа според Уставот и ќе ги отвори евро-атланските перспективи на Македонија.

Ќе бидат дадени и бараните гаранции со што завршуваат сите неразумни изговори за блокирањето на демократските процеси.

Секое постапување спротивно на државниот интерес да се избере нова Влада и да се стабилизира државата е противуставно казниво дело.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO