За да се одреди датум за одржување на локалните избори се подготвува средба меѓу лидерите на парламентарно претставени политички партии во Република Македонија.

Поради политичката криза земјата може да западне во целосна блокада по 15-ти мај кога истекува сегашниот мандат на градоначалниците и општинските советници.

Средбата меѓу политичките лидери ќе има за цел да се направат промени во Изборниот закон и да одреди датум за локалните избори. „Оваа средба може да се одржи уште денес или за време на викендите“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO