Претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери се сретна со помошник-државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји. На почетокот на средбата се чу репликата на Џафери дека тој е офицер и никогаш не се повлекува.

По разговорите со високиот американски дипломат македонскиот политичар од албанско потекло, изјави дека САД го поддржуваат неговиот избор. „За прв пат од трагичните настани кои се одиграа во парламентот на 27 април, имам можност да се обратам кон вас како претседател на македонскиот парламент и да констатирам дека го направив својот прв официјален состанок со висок американски претставник. Со него разменивме мненија за постигнување на стабилност и за побрзо надминување на последиците од 27 април „, рече Џафери.

Присуството на Хојт Брајан Ји уште еднаш ја потврдува поддршката на САД за избраниот претседател на Собранието, а исто така за неговото функционирање, додаде тој.

Џафери вети дека ќе вложи напори да биде претседател на сите пратеници во парламент, без оглед на тоа за кого гласале. Тој изјави дека ќе се обиде да ја обнови работата на парламентот од утре и посака брзо закрепнување на повредените пратеници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO