Ако постои вистинско лидерство од страна на парламентарните партии, тогаш правните и политичките пречки за давање на мандат за составување на влада ќе бидат надминати.

Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со помошник-државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји.

Иванов побара од САД како стратешки партнер на Македонија да придонесат за отстранување на пречките и така парламентарното мнозинство да добие мандат за составување на влада.

За време на средбата двајцата разговарале за новосоздадената политичка ситуација и можностите за нејзино надминување согласно Уставот и законите на Република Македонија.

„Македонскиот претседател го осудува секое политичко и физичко насилство во Република Македонија. Единствено преку дијалог треба да се бараат решенија. Извршувањето на преседани, при што нелегалното станува легално, ги поткопуваат основните демократски принципи „, рече Иванов.

Македонскиот претседател побара од лидерот на СДСМ Зоран Заев да го исполни јавниот ветување дека „заедно со коалиционите партнери ќе дадат гаранции за зајакнување на интегритетот на државата и сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Македонскиот претседател потврди дека „Албанската платформа“ не може да биде ниту услов ниту основа за формирање на влада.

Претседателот Иванов ги повика граѓаните да се воздржат и да останат смирени, бидејќи треба да се донесуваат одлуки со разум и дијалог.

Денес околу пладне во зградата на парламентот пристигна Талат Џафери, кој ги обиколи просториите каде станаа судирите и беше уништен дел од инветарот. Тој посети и неколку кабинети во зградата на парламентот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO