Силна експлозија избувна во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск. Според податоците на телевизија „Ал Алам“ таа е резултат од напад на израелските воздухопловни сили врз сириските воени бази наоколу.

Во меѓувреме од сирискиот центар за човекови права, кој прв соопшти за експлозијата, потврдија дека цел на нападот не бил самиот аеродром. Тие сепак не посочуваат ниту причина за инцидентот, ниту сторител.

Продолжува да недостасуваат информации за бројот на евентуално повредените или загинатите во нападот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO