Париската полиција ќе ги засили мерките за безбедност во туристичките зони на градот за време на летната сезона, соопшти француската радиостаница „Европа 1“, повикувајќи се на разработениот план „Туризам 2017“.
Мерките предвидуваат вработување на над 130 нови полицајци, кои (како што гласи документот) ќе се борат против „криминалните дејства против туристи“. Освен тоа, во градот на љубовта ќе бидат инсталирани и дополнителни 130 камери на клучни места.
Планот за безбедност ќе gi опфаќа соседството Монмартр, реоните околу Елисејската палата, Ајфеловата кула, Лувр, Кралската палата, операта „Пале Гарние“, распоредените во близина големи трговски центри, како и во областа околу „Нотр Дам“ и „Сен Жермен“.