Европскиот парламент ја обвинува партијата на кандидат-претседателот Марин Ле Пен „Национален фронт“, дека поради нејзини финансиски измами ЕУ потрошила речиси 5 милиони евра – двојно повеќе од она што се сметаше порано дека изгубила Унијата.

Ова го соопшти извор од Брисел, кој побарал анонимност.

ЕП смета дека антиевропската партија на францускиот претседателски кандидат користела средства наменети за парламентарни асистенти, за да плаќа на свој персонал, кој има работено и во Франција во периодот меѓу 2012 и 2017 година

Обвиненијата кои Ле Пен категорично ги отфрла предизвикаа истрагата во нејзината татковина.

Првично од ЕП беа пресметале дека сумата на бесправно дадените плати изнесува 1,9 милиони евра, но сега сумата се зголемила до 4 987 122 евра, посочува изворот, цитирајќи податоци на француските истражители од парламентарниот тим, формиран за случајот.

Според Европарламентот 17 европратеници од „Националниот фронт“, вклучувајќи и Ле Пен,  користеле европски пари за да плаќаат на свои асистенти за работа надвор од ЕП, посочува изворот.

Ле Пен, која заврши втора на првиот круг од претседателските избори во Франција во неделата, рече дека обвиненијата се обид да се нанесе удар на нејзините политичките амбиции. Таа ќе учествува на вториот круг против центристот Емануел Макрон на 7 мај.

Вчера во врска со обвиненијата против неа и нејзината партија Европскиот парламент започна постапка по симнувањето на нејзиниот имунитет.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO