САД започнаа да испорачуваат опрема за противракетна одбрана на Јужна Кореја како резултат на растечките тензии поради севернокорејските нуклеарни амбиции.

5370436Вашингтон ја повика Кина – единствениот сојузник на Северна Кореја – да направи повеќе за совладување на ситуацијата, но Пекинг реагираше луто на планираното распоредување во Јужна Кореја на системот за противракетна одбрана (THAAD). Вашингтон и Сеул изјавија дека распоредувањето на овие системи на оружје, за кое се договорија минатата година, има за цел заштита од нуклеарното оружје со кое располага Северна Кореја.

Само што Кина е загрижена дека американското оружје ќе ги ослабат нивните сопствени способности во областа на балистички ракети и од Пекинг рекоа дека тоа го нарушува регионалниот баланс во областа на безбедноста. Пекинг наметна низа мерки против Сеул како економска одмазда против Јужна Кореја, вклучувајќи ја и забраната за туристички групи. На Јужнокорејскиот туристички бизнис беше нанесен сериозен удар поради бојкотот на Пекинг поради THAAD, ако се земе во предвид дека бројот на посетители од Кина – претставува околу половина од билатералниот тек – спадна на 40% минатиот месец, иако забраната влезе во сила на 15 март.

Трговскиот конгломерат Lotte, кој и го обезбеди на јужнокорејската влада игралиштето за голф Сеонгджу за распоредување на ракетите, исто така беше казнет од Пекинг, откако 85 од неговите 99 продавници во Кина беа затворени.

Системот THAAD е дизајниран да ги пресретнува и уништува балистичките ракети со мал и среден опсег за време на нивната последна фаза на летот.

Последниот потег доаѓа кога напрежението се зголемува на Корејскиот полуостров, по серија лансирани ракети од Пјонгјанг и предупредувањата од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воените дејства се „опција на масата“.

Вашингтон ја распореди во регионот борбената група на авиони „Карл Винсон“ како демонстрација на сила на позадината на знаците дека Пјонгјанг се подготвува да ја изведе својата шеста нуклеарна проба.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO