Очигледно е дека Македонија се соочува во егзистенцијална криза. Таа ги има своите политички или економски причини, но главната причина е идентификациска.

Идентификацијата на многу Македонци со поранешна Југославија и усвојувањето на идеологијата, преку која во 1944 Македонија беше вратена на Југославија е основнната причина за повеќето неуспеси на младата држава во изминатиот четврт век. По Втората светска војна беше извршено преосмислување на идентитетот. Од „Македонци – дел од бугарскиот народ“, мнозинството го прифаќа концептот – „Македонци – еден од југословенските народи“. Само што тоа излегување од ткивото на бугарскиот народ не беше спроведено „за во иднина“, како што во почетокот на 20 век го нуди Мисирков: „Досега сме се велеле Бугари, но сме веќе одвоени од Бугариjа, нема да ни дозволат да се обединиме со неа и за да не бидеме поделени, да станеме Македонци! „Дебугаризацијата беше извршена“ во минатото „. Веќе неколку генерации Македонци слушаат од наставниците, а често и од родителите дека Македонците никогаш не биле Бугари, а Бугарите се обиделе да ги окупираат, да ги асимилираат, итн.  Се друго се перцепира како навреда.

Поранешниот градоначалник на Стуга, денес претседател на Демократската партија на Албанците беше жестоко нападнат кога изјави дека пред сто години македонски народ не постоел, а предците на денешните Македонци, заедно со македонските Албанци се бореле заедно против српските окупатори. Истовремено во земјата немаше речиси никаков одговор, кога општината во Нов Белград ја преименуваше улицата „Гоце Делчев“, со образложение дека тој бил бугарски националист и се борел протов српските интереси во Македонија, што е и самата вистина. Нешто повеќе, кога србски историчари ја лансираат теоријата дека во минатото „словенското население“ на Македонија било аморфна маса и се колебало меѓу српската и бугарската идентиченост – една реална навреда – тоа се прима од дел од македонското население како „голема мудрост“ и реализам.

Едвај ли има сомнение дека „антиквизацијата“, исто така беше масовно прифатена како очаен метод за негирање на бугарските корени. Сепак тврдењето дека Словените дошле на територија, која веќе не била нарекувана Македонија, но станале Македонци е тешка за перцепција дури и од нејзините поклоници.

Анти-бугаризот е незадржлив без силна про-југословенска емоција. Но минатото е единственото нешто на овој свет, што реално не може да биде променето. Христијанството едвај би опстанало како религија ако продолжуваше да ги негира научните откритија. Истото долгорочно се однесува и за македонскиот идентитет.Но обидите за излез од историскиот македонизам сеуште среќаваат силен отпор. Никој сериозно не се замисли дури и кога режисерот Дарко Митровски, за коj не може да се каже дека ги сака Бугарите, се обиде да ги расчисти очигледните фалсификати. Продолжува да тече жестока полемика, при што анти-бугаризмот бива заштитуван со еден прилично ограничен сет од тешко отпорни на објективна анализа аргументи:

– Бугарите биле Татари, Македонците – Словени, или потомци на античките Македонци, или некоја мешавина од двете, но сегогаш биле различни од Бугарите.

– Светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум биле Македонци и работеле во и за Македонија.

– Цар Самуил бил македонски, а не бугарски цар.

– Македонското земјиште било само за кратко во составот на средновековната бугарска држава.

– Терминот „Бугари“ во Преродбата не значел Бугари во етнички смисол.

– Русите го создале современиот бугарски народ.

– Егзархијата создавала Бугари во Македонија.

– Во 19 век Бугарите ги спречувале Македонците да го кодифицираат својот јазик.

– Разловечкото, Кресненското и Илинденското востанија биле македонски, а не бугарски.

– Врховистите биле Бугари, ВМОРО – Македонци. (Според една модерна  теорија ВМОРО на Гоце и Даме била бугарска организација, но туѓа на македонскиот народ.)

– По Балканските војни македонскиот народ бил поделен меѓу Бугарија, Србија и Грција.

– Во Втората балканска војна и особено во Првата светска војна Македонците биле насилно мобилизирани во три армии – ниту една од нив не била нивна.

– Во периодот меѓу светските војни Бугарија и нејзините агенти предводени од Тодор Александров и Иван Михајлов тепале македонските борци за слобода. (Според една нова верзија Тодор Александров, Иван Михајлов и нивните следбеници биле „добри“, бидејќи не биле Бугари, туку Македонци,).

– Во Втората светска војна фашистичка Бугарија била окупатор, активно помагала за нацистичките злосторства, но македонскиот народ водел народоослободителна војна.

– Бугарија го потиснува значајно македонското малцинство.

– По 1991, особено по 2006 Бугарија во сојуз со Грција поставувала неразумни услови и била пречка за евроинтеграцијата на Македонија. Според некој спорот со Бугарија бил потежок и понерешлив од оној со Грција.

Човек треба да е навистина голем инает, натоварен со многу силна анти-бугарска емоциjа, за да не ја види целосната непостојаност на секој од овие аргументи. Секој кој има храброст да се посомнева во нивната вистинитост, брзо ќе открие дека бугарскиот народ не е дојден од некаде, а бил формиран тука на Балканот. Во рамките на средновоковната бугарска држава, на територија вклучувајќи ја и денешна Македонија била изградена една специфична култура која ги претопила не само „Словените“, „пра-Бугарите“ и домородните народи, но и многу други придојдени – Авари, Печенеги, Куманите, крстоносци … Брзо ќе разбере дека Св. Св Кирил и Методиј биле византиски служители, но нивното дело едвај ќе оставело некаква трага во историјата, ако не било претворено во државна политика од цар Борис I, чии „платеници“  Св . Климент и Св. Наум градат бројни книжевни школи по целата територија на тогашното бугарско царство – т.е. на земјите, кои денес се во Бугарија, Македонија, Албанија, Романија … Не е тешко да се пресмета дека земјиштето на Република Македонија било дел и од Првото и од Второто бугарско царство, а во меѓувреме под византиска власт се нарекувало “ тема Бугарија „. Очигледно е дека поимот Бугари опстанал и во отоманскиот период за припадниците на оваа заедничка култура.

Видно е дека бугарин значело човек коj зборува на јазик наречен бугарски – кој иако словенски по лексика развил посебна граматика. Секој со отворено размислување ќе се удеби дека никаде меѓу Скопје и Софија немало етничка или јазична граница и дека бугарската Преродба започнува токму во замјите на денешна Македонија. Очевидно е дека не Егзархијата правела Бугари, а Бугарите, вклучувајќи ги и оние од Македонија се избореле за Егзархијата. Дека Бугарите, вклучувајќи ги и оние од Македонија учествувале во национално ослободителните борби на Бугарија и заеднички ја изградиле бугарската нација и современата бугарска култура. Нема потреба од голем напор на умот да се прифати дека Санстефанскиот договор бил прифатен во Македонија како ослободување, а Берлинакиот – како ужасна катастрофа. Дека многу од војводите во Македонските востанија биле од „старите граници“, а оние од земјите на денешна Македонија често станувале бугарски офицери. Дека Бугариjа го подпишала Букурешкиот мировен договор по тежок пораз, но дека во воjните покрај „насила регрутираните“ војници во бугарската армија имало безброј доброволци од Македонија, вклучувајќи и офицери и генерали.

Дека Тодор Александров бил „добар“ токму затоа бил Бугарин, какви биле повеќето во Македонија во тоа време. Не е тајна дека во Втората светска војна бугарското воено и административно присуство во Македонија извршено под целокупната доминација на нацистичка Германија значително го намалува бројот на жртвите и тоа во услови на жестока граѓанска војна …

Зошто повеќето од денешните макледонци не ги прифаќат овие очигледно докажани факти? Причината се разбира не е рационална, а емоционална. За многумина е тешко да се прифати дека Титова Југославија не била „златно време“. Дека  одел намерен процес на фалсификување на историјата, на замена на јазикот на азбуката на имињата на идентитетот.

Денес анти-бугаризмот  продолжува да се манифестира како ефект од идентификацијата со Втора Југославија. Затоа и реалните навреди нанесуване од страна на Србите или од другите поранешни Југословени се толерирани, а вистините кажани од, Бугари и Албанци, па и од Грци- неподносливи.

Македонија е заглавена во стапица без излез. Колку полоша станува ситуацијата, толку помала станува веројатноста луѓето емоционално да го  проколнат споменот од Втора Југославија. Колку повеќе се идентификуваат со неа, толку помала станува можноста да се излезе од кризата!


Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO