
Референдумот во Турција нема како да не го потресе целиот регион. По референдумот одржан во услови на вонредна состојба и покрај длабоката поделеност на нацијата, врз основа на официјално објавената минимална победа претседателот Ердоган е на пат да го урне целото наследство на Кемал Ататурк.
Нека не го иделаизираме покојниот „татко на Турците“. Кемал Ататурк едвај може да биде наречен демократ. Тој е еднопартиен диктатор од времето на Ленин / Сталин, Мусолини, Хитлер и Франко, кој немал проблем да соработува со нив. Поинаков е поради тоа што има здрава проценка за реалноста. Подготвен е да се откаже од фантазии за империја. Дури нема планови за враќање на неговата родна Македонија. Но е тврдо решен дека нема да дозволи странско присуство или влијание во Мала Азија. Безмилосен е во извршувањето на своите цели, но еднаш кога ги достигнал до сигурни граници поведува толку мирољубива политика, што дури грчкиот премиер Венизелос го предлага за Нобелова награда. Во овој поглед Ататурк се доближува до Бизмарк. Во обидот да jа модернизира Турција е исто така безмилосен. Го менува идентитетот на Турците, нивните ооблекла, семејните имиња, азбуката… Ја претвора армијата во држава во држава, која не еднаш по неговата смрт врши крвави државни преврати. И сепак режимот му е секуларен. Исламот како религија е отстранет од државата. Девоjчињата не смеат да носат бурки на универзитет.
Наследникот на Ататурк Инону е доволно претпазлив и успева да ја задржи неутралноста во Втората светска војна. Но советскиот притисок по неа е толку брутален, така што Турција избира да се сојузи со САД. Експериментира со повеќепартиска демократија, но искуството е генерално неуспешно. За долго земјата е верен сојузник во НАТО, но таа никогаш не ги исполнува условите за членство во ЕУ. Про-европската елита е фрустрирана и тоне во корупција. Предолго таа владее експлоатираjќи jа неподготвеноста на мнозинство да ги прифатат крајните исламисти да дојдат на власт. Тактичкиот гениј на Ердоган е во тоа што полека и постепено jа урива секуларната држава со безброј мали битки, фалеjќи се пред народот и сојузниците дека демократијата не само што не е загрозена, но се развива. Наместо да поведе исламска револуција, тој спроведува бавно и речиси невидливо превртување на системот. Про-западните градски елити прво се смирени, потоа се маргинализирани. Нивната шансата да си jа вратат власта е речиси ништожна. Причината резултатот на референдумот да е толку тесен, беше зашто голем дел од националистите се обрнаа против промените. Повеќето од Курдите исто.
Дури после обидот за преврат Ердоган започна да дејствува како револуционер – брзо, решително, безмилосно. Неговите европски сојузници го повикуваат на смиреност и пребарување на согласност во раздвоеното општество. Од своја страна председателот Трамп го поздрави Ердоган, а Кремљ изјави дека резултатите од референдумот треба да се почитуваат!
Каде ќе замине Турција? Ако планот на Ердоган успее до крај ќе имаме за сосед една тоталитарна и можеби агресивна голема сила. Ако пропадне – ќе имаме за сосед уништена држава.
И во двата случаи тоа ќе биде лоша вест како за Бугарија, така и за Македонија, која се уште тоне во длабока криза. Двете страни треба брзо да ги надминат несогласувањата помеѓу себе и да се фатат цврсто за рака. Не очекуваат големи потреси. Заедно имаме шанса да ги зачуваме мирот и демократиjата.
––––––––––––––––-
Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
