
Абдула Ѓул не се смета за дисидент. Поранешниот претседател на Турција пропушти многу можности да се крене против својот колега по партија и приемник Реџеп Таип Ердоган: протестите во паркот Гези и истрагите по обвинение за корупција во 2013 година, несогласувањата поради цензурата на интернет во 2014 година.
По повлекувањето од претседателската функција во 2014 година Ѓул фактички излезе од политиката. Но, неколку дена пред уставниот референдум на 16-ти април, надежите на конзервативната опозиција во Турција се фокусираа на него.
Досега Ѓул не се изразил јавно ниту за поддршка, ниту против претседателскиот систем, кој би ја обединила целата државна власт во рацете на Ердоган. Но на 1 април тој се држеше демонстративно настрана од митингот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во родниот град Кајсери.
Во државата на Ердиган во која сега ретко му противоречат отворено на претседателот, таквото однесување веќе се смета за навреда. Блиски до владата медиуми скокнаа против Ѓул, нарекувајќи го „предавник“. Неговото молчење покажува колку контрадикторни се наводните промени во уставот на Турција.
Иако Ердоган создава впечаток дека едвај не целиот народ го поддржува. Неговите собири потсетуваат на верски молитви; минатата сабота во Истанбул го поздравија стотици илјади. Само што под површината се клокоти.
Најмалку 50% од Турците се против Ердоган. Тие го сметаат за деспот. И дури меѓу неговите приврзаници се засилува отпорот. Поранешниот претседател Ѓул е сметан за тактичар. Тој едвај би застанал против Ердоган, ако не беше пресметал дека на 16 април мнозинството ќе каже „не“.
Ердоган ја обврза сопствената политичка иднина со резултатите од референдумот. Новиот систем му дава овластувања кои ги немал дури и основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Тој може да именува министри, а исто така и 12 од 15-те уставни судии, и да го распушти парламентот по сопствена желба. Постот на премиерот ќе биде укинат. Ердоган изјави дека реформата е неопходна за да се обезбеди стабилност и напредок.
Мустафа Шентоп, заменик шеф на АКП и претседател на Уставната комисија во парламентот, ја споредува Турција со автомобил: во текот на многу децении земјата била управувана не само од нејзиниот возач -владата, но и од страна на патникот – армијата. „Сакаме засекогаш да го отстраниме патникот“, рече Шентоп пред странски новинари во Истанбул. „АКП, за разлика од претходните изборни кампањи, не може да разгори никаков ентузијазам“, рече турскиот социолог Кемал Озкираз. „На неа не и недостигаат аргументи за да ги убеди луѓето во потребата од измена на уставот“.
Своевремено Ердоган се претставуваше како реформатор. Во почетокот на своето издигнување на функцијата премиер во 2003 година зад него стоеше голем сојуз од кадри на исламистичкото движење „Мили Горјус“ умерени муслимани, либерални противници на турскиот воен режим. Но нс својот долг пат кон самодржавието Ердоган ги жртвуваше сојузниците. АКП, некогаш горда народна партија, се изроди во сестринска фирма на претседателот. За независни и умерени сили во АКП повеќе нема место.
Не само Ѓул, но и поранешниот премиер Ахмет Давутоглу и неговиот заменик Булент Аринч се дистанцираат од Ердоган. Од 50 основачи на АКП останаа помалку од половина. Програмата на партијата сега се определува од радикалните сили како Мелих Гјокчек, градоначалникот на Анкара. Гјокчек управува со турската престолнина во текот на 23 година Тој беше член на различни партии, пред да влезе во АКП. Во Твитер Гјоокчек ги нападна активистите на опозицијата и новинарите. Тој тврди дека поранешниот претседател на САД Барак Обама ја создал „Исламска држава“ (ИД), а странските земји предизвикуваат вештачки земјотреси во Турција.
Гјоокчек, слично на Ердоган, е на мислење дека Турција е опколена од непријатели: превратното движење на Гулен, терористите на ПКК. Европа ја изоставила турската влада во борбата против тероризмот. „Вие се нарекувате демократи“, рече тој во интервју за списанието. „Шпигел. „Но го забранивте пристигнувањето на наши министри.“
Според Гјокчек Турција во текот на многу години работела за тоа земјата да стане членка на ЕУ. Но Брисел постојано ја отфрла земјата. „Ние не ви се допаѓаме. Вие се однесувате сурово со нас „. Според него странските медиуми, меѓу кои и „Шпигел“, известуваат за настаните пристрасно. „Вие го навредувата Ердоган, нарекувајќи го диктатор. Зошто? Турската влада се потчинува на народната волја. “
Ердоган изрази слично мислење за време на своја изјава. Тој ги прекори Европејците, нарекувајќи ги „фашисти“, „соучесници на терористите“, „расисти“ и заплаши да одржи референдум за отповикување на преговорите за влез во ЕУ. АКП, како и Турција, се претставувани од претседателот во улогата на жртви. Неговите слогани против Европа треба да ги мобилизираат националистичките гласачи.
Раководството на АКП како и претходно смета на победа на референдумот. Тоа нема план Б во случај на пораз. Поради тоа, сметаат набљудувачи, најверојатното сценарио е: повеќето од Турците на 16 април ќе гласаат против претседателскиот систем, Ердоган ќе објави нови избори, за да си обезбеди на таков начин две третини во Парламентот, потребното мнозинство за промена на уставот.
Но постои и можноста критичарите на Ердоган да застанат против претседателот. Во АКП се има акумулирано разочарување. 16 април може да стане денот кога вечно прикриваниот Абддула Ѓул ќе излезе од сенката.
––––––––––––––-
Максимилијан Поп, сп. „Шпигел“
