
На денешниот ден се навршуваат 92 години од атентатот во катедралниот храм „Света Недела“ во Софиjа, при што загинуваат 213 лица и 500 се повредени. Тој е извршен на Велики четврток од група дејци на военото крило на Бугарската комунистичка партија.
Нападот е најкрвавиот во бугарската историја и еден од најкрвавите во светската. Долго време / речиси до 11 септември 2001 година / тој држеше тажен рекорд за најмногу убиени претставници на елитата на едно место.
По неуспехот на Септемвриското востание од 1923 година БКП е забранета и поминува во илегала. Комунистите решаваат да го возвратат ударот. Раководството на Воената организација на БКП го доделува извршувањето на атентатот на една од „шесторките“, предводена од Петар Абаџиев, кој во втората половина на јануари 1925 година стапува во контакт со клисарот на „Света Недела“ Петар Задгорски. Со негова помош во текот на неколку недели Петар Абаџиев и Асен Павлов внесуваат на таванот на црквата вкупно 25 килограми експлозив. Планот за атентатот предвидува прво да биде убиен доволно високопостаяен човек, чие опело да ги собере политичката и воената елита во црквата „Света Недела“, за да може експлозијата да предизвика поголем ефект. Комунистите се запираат на о.з. генерал Константин Георгиев, кој е убиен пред црквата „Свети Седмочисленици“ на 14 април.
Опелото за генерал Георгиев е закажано за 16 април, Велики четврток. Во 7 часот наутро Задгорски ги пушта на таванот на зградата извршителите на атентатот. Траорната поворка влегува во црквата во 15 часот. Службата се раководи од софискиот митрополит и иден егзарх Стефан. Првично ковчегот е поставен до столбот, кој требало да биде разрушен со експлозивот, но потоа е преместен напред, поради големиот број луѓе кои дошле на церемонијата. На тој начин, случајно највидните присутни се оддалечени од местото на експлозијата. Експлозијата избувнала околу 15:20 часот ија руши главната купола на црквата, затрупувајќи внатре мноштво луѓе. Експлозивниот бран во затворениот простор нанесува дополнителни штети.
При атентатот загинале 134 лица, други умираат подоцна од повредите. Повредените се околу 500. Загинуваат 12 генерали, 15 полковници, 7 подполковници, 3-ца мајори, 9 капетани, 3 пратеници и бројни граѓани, вклучително и деца. Случајно, сите членови на владата поминуваат само со полесни повреди. Цар Борис III не е во црквата, бидејќи присуствува на погребите на загинатите во атентатот врз него во преминот Арабаконак два дена порано. Вечерта на 16 април во земјата е прогласена воена состојба, што останува во сила до 24 октомври. За време на воената состојба Владата презема репресивни дејства против крајната левица.
Дел од организаторите на нападот – Димитар Златарев, Петар Абаџиев и Никола Петров – успеваат да избегаат преку Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во Советскиот Сојуз. Заговорниците се обидуваат да го ликвидираат својот соучесник Петар Задгорски, но тој успева да се предаде на полицијата и прави полни признанија. Брзо е откриена локацијата на раководителите на Воената организација на БКП Коста Јанков и Иван Минков, првиот е убиен, а вториот се самоубива пред да биде фатен.
Случајот за атентатот е гледан од воен суд од 1 до 11 мај во касарните на Четврти артилериски полк во Софија. Марко Фридман, највисоко поставениот од обвинетите, признава дека организацијата добива финансии „през Виена“ од Советскиот Сојуз, но ја префрла одговорноста за атентатот врз Коста Јанков и Иван Минков, кои според него дејствувале без согласност на раководството на БКП. Смртни казни добиваат Петар Задгорски, потполковникот Георги Коев, во чија куќа се крие Иван Минков, и Марко Фридман, шеф на одделот во Воената организација на БКП. Во отсуство, на смрт се осудени и Станке Димитров, Петар Абаџиев, Димитар Гранчаров, Николај Петрини и Христо Косовски, со тоа што последните тројца веќе се убиени во текот на претходните недели. Смртните пресуди се исполнети јавно со бесење на 27 мај.
