На 10 септември 1953 година во мала куќа на ул. „Одрин“ во Благоевград склопи очи еден 98-годишен старец со бурен живот зад себе и контроверзна биографија.
Децении за Андон Лазов Јанев се носат легенди низ македонските медиуми од крајот на 19 и почетокот на 20 век, го добил прекарот Ќосето не затоа што бил голобрад, а поради нискиот раст. Го споменува во една од своите книги и Димитар Талев. Животот му е низа од авантури, драматични пресврти и романтика, прошарани со крв, тешки загуби, неосознаен подвиг и разочарувања, јави специјалниот пратеник на БГНЕС во Македонија Дијана Тушева.
Бил рамо до рамо, делел леб и проблеми со најголемите борци за слободна Македонија Гоце Делчев, д-р Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Даме Груев и др.Ги сретнувал очи во очи предавниците – не им простувал, се восхитувал од хероите – се колнел во нив. А смртта, која била секогаш на еден чекор од него, не го закачала – секогаш го одминувала, независно од раните кои ги добивал.
Животот на Андон Јнев- Ќосето е достоен, ако не за тежок серијал, тогаш барем за филмско платно како „Мера според мера“. Независно што неговото име е речиси непознато за современиците. Бидејќи слично на Дилбер Танас, и Ќосето учествувал во аферата „Мис Стоун“, дури бил еден од тројцата комити, кои ги придружувале двете жени и бебето при нивното ослободување од заробеништво во близина на Струмица. Водел вечни битки, убивал и пречекувал куршуми, лежел и по зандани, се борел славно во Илинденското востание, раздавал жестоки казни за противнародна активност, му лепеле етикети како терорист и разбојник, породувал митови за себе .
Но едно е неспорно: секогаш бил свесен за каузата, верен до гроб на неговиот идол Гоце Делчев – Се за Македонија. По која душата вие, а очите жедно бараат да ја видат слободна бугарската земја.
Со два збора – комплексна личност. Но со изострени сетила за доброто и злото, црното и белото. Како огнените зборови на знамето: „Слобода или смрт“.
Денес зборуваме со неговиот внук Антониј Ќосев, поранешен офицер, дел од големиот род на Ќосето, кој, загледан во архивските фотографии на дедо си вели: „Беше ситен, жилав човек, но секогаш одеше напет, исправен, никогаш не склонувал глава на градите „. Бил на шест години, но го помни – „на години – многу, но не беше стар човек, имаше енергија за тројца, не умрел од природна смрт“.
Во еден од неговите спомени Андон Јанев -Ќосето признава: „Се расправав само со неволји. Небаре се наоѓав исправен во една шума низ која не поминува пат, та јас со секира в раце требаше да направам пат сред оваа шума „.
„Ми велеа моите чичковци дека во последните денови од животот на дедо ми, ноќно време тој се стреснувал за време на спиењето, станувал, трчал во дворот, се криел меѓу грмушките и шептотел тивко: Турци, Турци, Турци“, продолжува да раскажува неговиот внук. И додава: беше добар, праведен, човек на редот во патријархално семејство, зборуваше скржаво, но на место.
Смртта на дедо ми на 98 година не беше од старост, ниту од болест, а поради лошо збир на околности. Има покрај Благоевград една местност- Балар баши- оди дедо ми таму насекува од лозјето ни бадемови гранки и ги повлекува надолу. А оградите таму беа од големи, обли, речни камења, само со прст прицврстени. Закачува тој една таква ограда, веќе поизмиени од дождовите, и камењата паѓаат врз него. Му ги кршат коскитте и за околу една недела, без да може да се храни и пие вода, поставен е во гипс корито, по што си оди од овој свет.
Андон Лазов Јанев – Ќосето е роден на 25 ноември 1854 година во с. Голозинци, Велешко. Иако и без образование, од овчар и месар успева да стане еден од најхрабрите поборници на Централниот комитет на ВМОРО во Солун. Неговата активност е поврзана со првите и ефектни акции на ВМОРО како против поробителите, така и против гркомани и србомани. Ќосето учествува и во борбите што ВМОРОги води и против дејци на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК) и предводеното од Иван Гарванов Бугарското тајно револуционерно братство во Солун. Првично влегува во четата на Михаил Попето, а потоа дејствува и самостојно како војвода во Кукушко, Поројско, Малешевско и Струмичко. Учествува и во четата на Гоце Делчев во акциите за набавка на средства за ВМОРО. За Ќосето, Гоце Делчев останува најзабележителната личност во револуционерните борби на поробените Бугари. Во 1901 година, под раководство на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсте Асенов зема учество во аферата „Мис Стоун“, која, освен што и донесува на ВМОРО парични средства, ја прави позната далеку зад границите на нашата земја, дури и далеку зад океанот. Ќосето со оружје во рака е и во битките на Илинденското востание, (1903) заедно со големата чета на Ѓорче Петров, која дејствува во Прилепско и соседните области. По востанието спроведува организирање и подготвување на селска милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, но откако се разочарал од нејзината активност по неуспехот на Вториот Рилски општ конгрес (1905 година), се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради претходна припадност кон Серската група, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов од Тодор Паница, во текот на неколку месеци е затворен, но поради застапништвото на ВМОРО е ослободен. До крајот на својот живот живее во Горна Џумаја, каде умира на 10 септември 1953 година, пишува за него историчарот Цочо Билярски.
За да се разбере случајот и метаморфоза на Андон Ќосето главна заслуга има новинарот Бојан Мирчев / 1900-1992 година /, кој три дена ги запишува неговите спомени во септември 1931 година Според него големо е влијанието на рускиот и францускиот анархизам врз нашите револуционери во тоа време и дефинитивно за нив можеме да зборуваме како учители на дејците на ВМОРО.
Зошто го нарекувале Ќосето и неговите другари разбојници?
Еве зошто:
„Во Велес имаше еден Турчин на име Али Чауш. Тој го познаваше целиот град: Кој што работи, како се вика и др. На еден празник во маалото „Којник“, на еден кепенек, бевме седнати неколкумина момчиња. Али Чауш, придружуван од еден жандарм, се зададе по улицата. Тогаш беше обичај да му се станува на нозе.Се приближи Али Чауш и сите му станаа. Јас не му станав. Тој направи неколку чекори и кога виде дека јас не станав, се врати и ме запраша: Зошто не стануваш бре, ѓаур? Додека да му одговорам, тој замавна да ме удри. Кај мене имав едно призренско ноже; тоа ми беше згодно, замавнав и му го исеков мундирот и се впуштив да бегам. Не можеа да ме фатат – бев брз на допир и трчање.Се криев неколку дена во Велес по маалите и оттаму тргнав да бегам за Солун. Се упатив за таму, без да знам пат. За овој град бев слушал, ама не знаев каде се наоѓа „, раскажува Ќосето.
Така започнало неговото разбојништво. За едни-сквернавење, за други- пат кон Голготата на национално ослободителните борби …
Не бил светот вода неиспиена, но и не простувал за предавство. Како не му простил и на неговиот брат Никола.
Андон Ќосето, како и неговите другари, всушност, биле обични Бугари,ја имале лошата среќа да се родат во матни времиња кога грижата за опстанок била судбоносна.
„Не биле исклучителни луѓе, а мажи, кои не можеле да траат за случувањата со нивните едноверци. Тргнува случајно, спасувајќи си ја сопствената кожа, за време на бегството од стореното попаѓа на д-р Христо Татарчев, кој го воведува во борбите и дури го назначи за свој личен пајтонџија „, ја продолжува својата приказна неговиот внук.
Андон Ќосето ги познавал лично сите големи македонски револуционери во тоа време, а исто така и главните фигури од врховистите, нивните непријатели. Доаѓал и во Софија по задачи и да се лекува по тешките повреди.
Активно учествувал во аферата „Мис Стоун“, извршена затоа што организацијата имала потреба од пари за оружје. Ќосето ја придружувал насекаде Мис Стоун и штотуку мажената Цилка. Повозрасната англичанка отпрвин мислела за дедо ми дека е страшен Ајдук, но подоцна сфаќа дека има спроти себе борец којсе бори за својот народ. Сретнувале многу искушенија заедно за време на големите движења низ планината, за да не ги фатат. Има интересна епизода- бебето кое Цилка го раѓа, многу плаче поради недостаток на млеко од мајка си. Тогаш дедо ми зел грутка шеќер, ја исчукал во една крпа, ја навлажнил и ја дал на детето да цица, споделува внук му, кој ја слушнал оваа приказна од роднини.
„Дедо ми имаше белег од рана на лицето- куршум поминла низ јаболчниците му. Баба ми велеше: ако видиш оваа рана да трепери- бегај далеку „, се сеќава Антониј Ќосев.
А инаку пресудите на организацијата биле за противонародна активност, а Ќосето бил еден од главните исполнители на казните против туркофили, гркофили или србофили. Го правел со полна свест и убеденост. Велел – овој народ треба да го стреснеш за да може да ти поверува и да тргне по тебе. Бидејќи во тоа време повеќето луѓе биле неписмени, вклучувајќи го и Ќосето.
Но инаку бил „умен и тактичен, на него му доверувале тешки и ризични задачи кои тој ги извршува со ладнокрвност и успешно“, пишува Бојан Мирчев. Лежи и по затвори, дури жена му, од која има деца, продава имот за да го ослободи од издржување на казната.
Во затворот ме нарекуваа „санданист разбојник“ – им одговарав дека ниту сум санданисти, ниту сарафист, ниту делчевист, а сум човек на организацијата и дека не им служам на личности, а служам на Македонија, вели за себе тој.
Во 1905 година Ќосето завршува со активната револуционерна дејност. Најмногу поради случаите на согласувањето на некои од измислените, според него, народни водачи со младотурците. Од кои еден бил и Јане Сандански- Ќосето не го почитувал, го сметал за просто момче, со грубо однесување.
А за Гоце Делчев велел дека е најголемиот револуционер на Македонија пред и по неговата смрт друг немало како него, македонскиот Левски. Го почитувал многу. Дури кога се запишувале спомените на Ќосето, кога станувало збор за Гоце, тој се просолзувал дека го загубил, признава внук му по спомени на чичковците му.
Ќосето е еден од многуте со неговиот ранг, има мегдан да се вратиме на овие свои корени- тие се црни и многу стари, но се уште живи, поради пишаните и непишани спомени.
Дедо ми никогаш не рекол „јас сум Македонец“, велел „јас сум Бугарин“ – тоа е, гозавршува својот расказ Антониј Ќосев.
Кој беше, каков беше тој ни другар – Гоце, та достигна да биде од сите почитуван народен херој, прашува Климент Шапкарев во сказката во Пловдив во 1934 година „Спомени и размислувања за Гоце Делчев“.
Ќе прашуваме и ние, пак, макар да знаеме- кој беше, каков беше Ќосето? Разбојник, војвода, поборник?
И да има сомненија- со својот живот го дал одговорот.
Не може да го има за пример Гоце, да се колне во него како најголем народен водач, а да прави зулуми. Не може да вели: „кога ќе паднеше некој другар, во текот на три дена не можев да јадам леб, бидејќи секој паднат другар беше скап за мене“, пак, да е разбојник.
Заклетва дал- пред крстот на пиштолот и камата, да го пази својот народ и да ги победи непријателот и предавниците. Таков бил законот на времето.
Денес го гледаме споменикот на Ќосето пред судот во центарот на Скопје, над 3 метри висок, правен скоро- од 2-3 година Признат за голем херој.
И одиме, тим на БГНЕС, кон неговото родно Голозинци, Велешко, да бараме жива трага од него.
Излегуваме од Велес, во правец југозапад на патот кон општина Чашка, со многу кривини и влегуваме во неа. Убави патишта, со чисти згради, уредни црква. Не упатуваат по главната улица, по вториот мост да завиеме лево.
Завиваме и сеедно одиме во друг свет. Асфалтот завршува, не залева прав, селото едвај се гледа во низинита.
Голозинци – опустено, напуштено, со скршени огради и куќи. Летото го населуваат околу 30-тина лица, зимата- половина. Наоѓаме пристојна зграда со натпис „набљудувачка центар“ / каков центар, што набљудава- нејасно-бел.а. /, На која има две плочи од евтин метал- едната со портрет на Ќосето, другата, почнала да кородира, укажува дека е македонски револуционер и ги известува датумите на раѓањето и смртта. Толку за Ќосето.
Во селото не знаат друго, освен напишаното. Не се свесни што правел, против кого се борел за што … ништо.
Ја бараме црквата за да запалиме свеќа за Ќосето- инаку обелена однадвор, од внатре потонала во влага, со излупен фрески и икони, со неколку црковни книги, заборавени во едно сандаче. Мртвило. А е стара, го носи името „Свети Спас“ и е изградена од мајстори во далечната 1836 година замоливме да ја удрат камбаната, во спомен на човекот, кој се исправил со парталавите си опинци да се бори со империја со своите другари по судбина, пресечени или погодени од куршум еден по еден.
Андон, Андон, барем песна да имаше за тебе, да ја запееме во ова заборавено од Бога село, со потиснувачка беда и пропаст …