
Се случи она што месеци и недели се влијаеше од сите српски телевизии – на претседателските избори во Србија уште во првиот круг убедливо победи досегашниот премиер Александар Вучиќ. Политичките аналитичари сега ги бројот пилињата и си го поставуваат прашањето каде оди Србија – во демократија или диктатура? Начинот на кој се одржаа и одразија овие избори, ги разбуди спомените за последните месеци на владеењето на Милошевиќ.
Што е следно?
Очекувањата се различни. Власта веќе залетуваат кон нови парламентарни избори, кои со сите средства да бидат освоени со двотретинско мнозинство, за да може да се промени Уставот на Србија и воведе една поцврста форма на управување.
Другата можност е започнатите постизборни протести во српските градови да прераснат во масовни и да се активира спиралата на политичката нестабилност слична на онаа од навечерието на 5 октомври 2000 година. Засега, таа е малку веројатна, но причини за тоа има доволно. Демонстрантите студенти и средношколци по улиците на големите градови во Србија ја доведоа под прашање не само легитимноста, но и легалноста на изборите.
Нивните аргументи си имаат свои причини, иако српските медиуми се направија дека не ги слушаат. Во социјалните мрежи тие предупредија дека прво, Александар Вучиќ како актуелен премиер и кандидат за претседател бил во неприфатлив конфликт на интереси. Но откако веќе го прекрши законот и се (само)допушти до изборите, тој имаше на располагање неограничени јавни и буџетски ресурси за предизборна кампања.
Другите кандидати за претседатели беа далеку во понеповолна позиција. Медиумите си ги затворија очите и во информативните емисии усилено ги одразуваа активностите на премиерот. Во изборниот блок ги делеа информациите меѓу Вучиќ и останатите кандидати, па тој имаше на располагање девет десетини од времето за претставување во медиумите.
Никој не се и замисли дека слободата на медиумите и давање на еднакви шанси на сите кандидати се клучни за демократичност на изборите. Победникот беше прогласен уште пред да се произнесе Републичката изборна комисија. Наместо неа се произнесе една приватна агенција (Ипсос) и едно граѓанско здружение (ЦЕСИД). Сето ова наместо ветената стабилност води кон уште поголема дестабилизација на српското општество.
Иако според уставот на Србија, претседателот не е најсилната политичка фигура, досегашната практика покажува дека ако на оваа позиција седне доволно силна политичка личност, владата и премиерот (кои по Устав се посилни), потпаѓаат под негово влијание. Тоа го видовме веќе неколку пати и речиси нема сомневање дека во наредните месеци, Србија ќе добие еден слаб премиер, кој ќе биде под влијание на силниот претседател и ќе му ги наметнува своите ставови за внатрешната и надворешната политика.
Значи реално гледано, во Србија не може да се очекуваат позитивни промени во блиска иднина, бидејќи таа продолжува да се управува од конзервативната националистичка десница и лидери, чие минато достигнува до војните во поранешна Југославија. Јавното мислење се лизга по површината и наместо општеството да ги контролира политичарите, политичарите контролираат сè – од државните претпријатија и медиумите до личните судбини на луѓето.
Медиумите покажаа дека во Србија се уште нема услови за слободни и демократски избори. Уште еднаш се покажа дека националистичкото зборување, слично на она при одбележувањето на 100 годишнината од Топличкото востание, носи многу повеќе гласови на изборите од европското. Покрај сето друго, недостигаа и институции кои можат квалификувано и одговорно да го следат изборниот процес.
Убедливата победа (веќе никој не прашува како и по која цена е постигната), реално гледано, се повеќе ја зајакнува позицијата на Вучиќ. Имајќи го во предвид патријархалниот карактер на српското општество и ставовите на луѓето да имаат силен водач, Србија оди кон тоталитарен систем на управување. Но неговата голема сила може да се покаже и негова најголема слабост – тој ја натовари целата одговорност врз себе и оттука натаму поплаките за сè што е лошо во државата и на меѓународен план ќе одат на негова адреса.
Резултатот на изборите уште еднаш покажа дека Србија сé уште не е во можност да се позиционира стратешки и да утврди реални и остварливи национални и државни цели. Политичката конфузија продолжува да се продлабочува се повеќе и повеќе.
Драматичните светски промени небаре повторно се разминуваат со она што се случува во Србија. Двоумењето меѓу европскиот пат и потпирањрто на Москва, Пекинг и Вашингтон, доведе до недостаток на визија за местото и улогата на Србија на регионален и меѓународен план. Во еден момент Брисел како да се обложи на српските националисти, кои требаше да го решат проблемот со Косово. Сега се покажа дека не само Вучиќ, но и опозициските кандидати не сакаат да се вклучат со евроатлантските интеграции и да ги признаат новите реалности со Косово. Србија започна да води преговори за пристапување кон ЕУ, но ги одолговлекува во времето со надеж дека таа ќе се распадне и да започне ново прекројување на границите на Балканот, во кои да го врати Косово и да ј присоедини Република Српска.
Така што од претседателските избори во Србија засега единствениот резултат е зајакнување на владејачката партија и малку подобро позиционирање на поделената опозиција.
Во интерес на вистината, и покрај ударите на жолтиот печат, во предизборната кампања немаше реална политичка алтернатива – двајцата најсилни кандидати на опозицијата Саша Јанковиќ и Вук Јеремиќ го критикуваа Вучиќ по вообичаените насоки: недостаток на правна држава, оштетени институции, прикривање на бројни афери и носеа пароли од типот на „народно единство“, „безбедност во државата“, „правда“, „нови работни места“, „културна преродба“ и др.
За се останато си останаа на истите позиции како и власта. Вук Јеремиќ дури присуствуваше на свеченоста за контроверзниот Ден на Република Српска 9 јануари во Босна и Херцеговина. Саша Јанковиќ го критикуваше Вучиќ дека направил многу повеќе за независноста на Косово од сите други политичари пред него и истакна дека тој нема да биде претседател, кој ќе ја признае нејзината независноста.
Недостатокот на подготвеност Србија да се репозиционира не само по прашањето за евроатлантските интеграции, но и во однос на соседите и блиското минато, пораѓа скептицизам во либералниот дел на српското општество.
На изборите се рециклираа стари тези и идеи. Беа игнорирани регионалните теми како Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија. Тоа покажа недостаток на чувствителност за темите кои го дефинираат местото на Србија во регионот и нормализација на односите со соседите.
Меѓу бугарите во Западните Покраини не се виде ништо друго освен вообичаениот садомазохизам на политички отфрлени луѓе – тие пак се пуштија по течението и послушно гласаа за силните на денот. Едни со идејата да го задржат местото во системот, другите – да си спечалат надница на изборите. Најмалку беа информираните и свесни гласачи. Но дури и тие немаа можност за вистински избор – ниту еден од кандидатите не само не понуди, но и не спомена ништо за малцинствата. Власта и опозицијата се навикнати да ги сметаат како дезинтеграционен фактор кој ги загрозува основите на државата. Притиснати во таква позиција, припадниците на националните малцинства, се принудени постојано да докажуваат лојалност по цената на сè – вклучувајќи и да претеруваат со тоа што се прават поголеми Срби од Србите. И да ги затвораат очите и ушите. Во Босилеград пример, изборниот список беше значително зголемен, опозицијата и власта целиот ден ги возеја луѓето како вреќи до секциите, а на крајот на изборниот ден се покажа дека власта и опозицијата, кои довчера се плукаа во неделата се натпреварувале да гласаат за Александар Вучиќ ?! И тоа не затоа што се негови убедени следбеници, а кој повеќе да му се приближи со подебел плик со речиси насила изнудените од сиромашните луѓе гласови.
––––––––––––––
Иван Николов, претседател на КИЦ „Босилеград“.
