
Необичен ноќен инцидент пред четири години става крај на животот на клучна јавна личност во нашата југозападна соседка. Никола Младенов – основачот, главен уредник и сопственик на независниот неделник „Фокус“, кој осумнаесет години по ред ги држи под отчетност и ја критикува секоја власт во Скопје, слета со својот „мерцедес“ надвор од автопатот на влезот на градот. Крајот е фатален. Општеството е потресено, но на траурната церемонија нема сочувство или претставник на Владата, ниту на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Речиси три месеци подоцна министерката за внатрешни работи, јавниот обвинител и обвинителот кој го водеше случајот даваат посебна заедничка прес-конференција, објавувајќи го случајот за затворен, објавувајќи го за класична самопредизвикана сообраќајна несреќа.
Во меѓувреме новинарот од весникот „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски со поддршка на својот главен уредник спроведува сопствена истрага, наидува на сомнителни околности и објавува нови документи од местото на несреќата. За љубопитството е „награден“ со апсење и затвор, формално поради некоја стара статија пред три или пет години (случајот предизвикува меѓународна кампања во негова одбрана, но тоа е веќе малку поинаква тема). Главниот уредник Зоран Димитровски по уште неколку месеци е отстранет од сопственикот на медиумот. Не знаеме зошто таа ноќ не работеле видео камерите на пунктовите за патарините низ кои поминал Младенов. Телото му е откриено по сигнал од мобилниот телефон на жртвата, но самиот телефон официјално „не е пронајден“. И уште многу прашања без одговор …
Не е јасно дали границата на трпението беше преминаta во овие доцни часови на 26 март 2013 година или неколку месеци порано, на 24 декември 2012 година, кога прво новинарите, а потоа и опозициските пратеници беа насилно отстранети од Собранието од специјалните сили , или уште порано, во јуни 2011 година, кога харизматичниот политички лидер и поранешен затвореник од Хаг Љубе Бошковски беше уапсен и затворен, но овој пат од поранешните си собраќа од ДПМНЕ.
Притисокот од горе и нагнетената напрегнатост предизвикуваа сериозен отпор против власта на премиерот Никола Груевски во широки кругови на општеството, но можеби уште поважно беше дека партискиот авторитаризам и дисбалансите во политичкиот систем не можеа да бидат прифатени од страна на европските и евроатлантските партнери на земјата, од организациите во кои земјата се стремеше да членува и кои, во крајна линија, се одговорни за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа. На крајот на јануари 2015 година дојде до појава на отворена општествено-политичка криза. Две години подоцна таа се уште не е надмината, претворена во уставна и се заканува да премине во меѓуетничка. Како дојде дотаму?
Внатрешниот живот на Република Македонија не би можел да биде разбран, без да ја споменеме длабоката партизација која го пронижува и дефинира целокупното функционирање на општеството и води до сериозни прекршувања на демократските принципи. На изборите во јуни 2006 година власта беше преземена од дотогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ и таа ја практикува и до денес во коалиција со албански партнер (од 2008 година – Демократската унија за интеграција – ДУИ – Али Ахмети) и неколку помали партиски сојузници и сателити, меѓу кои и Демократската партија на Србите. Наместо постепено да ја напушти традицијата на партијата-држава од југословенско време, наследена и од поранешните комунисти од СДСМ, новото раководство околу Никола Груевски го усвои оригиналот и дури го надмина.
Владејачката партија и нејзините помали партнери не само што ги делегираат раководните политички фигури, но строго ги контролираат и дури одредуваат назначувањата во државната администрација – како во централите на институциите во Скопје, така и во филијалите на места. Во услови на висока невработеност дури регуларниот персонал на секое министерство или јавно претпријатие се контролира или определува од соодветниот локален партиски комитет. Во системот на образованието, на пример, секоја новооткриена или испразнета позиција, од ректор на провинциски универзитет до редовна чистачка на училиште, се зазема само по санкција на соодветната структура на владејачката партија и нејзините помлади партнери.
Партиите воспоставуваат своја контрола и врз институции кои согласно Уставот се независни, како судството. Првото лице засегнато од новоусвоениот закон за лустрација и суспендиран, беше никој друг, а претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски. Јавната тајна за директното управување на судот од партиите беше оголена од записите на телефонски разговори, објавени од опозицијата. Во еден од нив директорот на разузнавањето и прв братучед на премиерот, Сашо Мијалков го договара со албанскиот партнер ДУИ изборот на претседател на Врховниот суд и на други судски одлуки. ВМРО-ДПМНЕ постепено, устремено и, конечно, успешно успева да го бутне влијанието на СДСМ и да ја наметне својата директна волја врз судството.
На сличен начин владејачките партии ја наметнуваат својата волја врз органите на локалната самоуправа, невладините организации, формално независните стопански субјекти. На контрола и притисок е подложен не само малиот и среден, но исто така и крупниот бизнис. Се приложуваат различни пристапи. Од една страна, владејачките се спогодуваат и користат некои од веќе воспоставените локални големи економски субјекти. Така на пример, најголемиот изведувач на градежни објекти од маштапниот проект „Скопје 2014“ е компанијата Бетон АД на крупниот претприемач Минчо Јорданов, натрупал богатство далеку пред 2006 година. Во Битолско-охридскиот регион слични функции извршува заможниот бизнисмен Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Битола и поранешен „социјалдемократски“ градоначалник на градот. Од друга страна, по примерот на поранешните комунисти, владејачката партиска врхушка генерираат сопствени магнати, најпознат меѓу кои е Јордан (Орце) Камчев, земјачки и лично близок до високите функционери на ДПМНЕ. Неговиот холдинг чудотворно разраснува во последниве години, навлегувајќи во најразлични стопански сфери. Бизнисменот нагло го зголемува богатството и е прогласен од хрватското издание на „Форбс“ за најбогатиот човек на Република Македонија.
Партизациjата на републиката дополнително се зајакнува преку средствата за јавно информирање. Јавната Македонска радиотелевизија (МРТ) ги покрива настаните во јасно дефинирана провладина насока. Влијателните приватни телевизии (Канал 5, Сител и Алфа, а во последно време и Телевизија Нова) се сопственост на коалициски партнери или бизнисмени со српско или бошњачко потекло кои агресивноги опслужуваат владејачките партии. Главните печатени медиуми ( „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“, „Нова Македонија“) стануваат сопственост на веќе споменатиот Јордан Камчев и Минчо Јорданов и поминуваат под индиректна контрола на владејачката партија. Во овие услови статусот на медиумските слободи во целина силно се влошува. Земјата се наоѓа на 118-то место (од вкупно 180) за 2016 година во светската листа на авторитетната организација „Репортери без граници“ и на најниска позиција во цела Европа, со исклучок на некои поранешни советски републики.
Партизацијата во југозападниот ни сосед се наталожува врз пофундаменталниот проблем со доминацијата на македонизмот, идеологија, според која населението на областа припаѓа во минатото и денес кон одделна од бугарската, српската или грчката народност. Тоа ги проблематизира односите со повеќето соседи и уште поважно – ги засилува ирационалните димензии и функционалните јавни пукнатини во македонската република. Наместо да го следи примерот на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски и да ја прифати подадената рака од Софија за совмесно споделување на нашата заедничка историја, Никола Груевски претпочита да задлабочува во македонизмот: да го прогласи аеродромот крај Скопје за аеродром „Александар Велики“, да им издигне монументални споменици на Филип Македонски и на славниот негов син, да спроведе сеопфатна „антиквизација“, според која коренот на денешните Македонци не е во Словените, кои се населиле сна Балканот во раниот среден век, а во античка Македонија на Аминта, Филип, Александар и Персеј. Националното преформулирање предизвикува неприфаќање надвор и нови поделби внатре, бидејќи дури класичните македонисти од југословенски ков се противат на новите идентитетски постулати, спроведувајќи го современиот македонистички бран. И ние не знаеме што да им објасниме на учениците, ми сподели пред време еден наставник од Кавадарци по повод поредната промена на националната идеологија.
Специјалните служби на Република Македонија не може да останат настрана од кризните процеси поврзани со партизацијата и новата македонизација: непосредна причина за избувнувањето на кризата во јануари 2015 година е апсењето на поранешниот шеф на контраразузнавањето Зоран Верушевски, но на овој аспект од кризата нема да се запираме во овој текст. Иако постепено и тешко, беа постигнати договори, договорени во резиденцијата на претставникот на ЕУ Аиво Орав во скопската населба „Пржино“. Тие го отворија патот кон создавање на Специјално јавно обвинителство (СЈО) за истрага на податоците за престапи во телефонските записи кои опозицијата делумно ги обнародуваше во текот на неколку месеци, кон формирање на техничка влада и на крајот – на избори, кои по неколкратно одложување се одржаа на 11 декември 2016 година
Резултатот е патов: покрај загубата на гласови од владејачките и подемот на нивните противници, сепак ВМРО-ДПМНЕ успева да се задржи како прва политичка сила со симболично релативно мнозинство од околу 17 илјади гласа или 2 мандата предност (51 од вкупно 120). Нивниот сојузник ДУИ губи половина од пратениците за сметка на нови албански опозициски партии. Во полето на политичките и моралните, но не реално парламентарните сметки, околу 50 илјади гласаат за четири формации (ВМРО за Македонија, Левица, Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Либерална партија) кои исто излегуваат против власта, но не влегуваат во парламентот. ДУИ поради ред внатрепартиски и надворешнополитички причини откажува партнерството со Груевски и така се доаѓа до ново парламентарно мнозинство и во перспектива – до нова влада на социјалдемократите на Зоран Заев и неколку албански партнери.
Сепак пружината на политичко-судските процеси веќе неповратно е завиткана. Против врхушката има голем број на истраги или покренати обвиненија од Специјлното јавно обвинителство. Груевски нема излез, бидејќи добро знае дека или ќе биде на власт, или во затвор, е оценката од пред речиси една година на колегата од Грацкиот универзитет Флориан Бибер. Затоа воопшто не е чудно што во последните недели следува опструкција на резултатите од изборите. Повод е поддаден од албанскиот блок партии во Република Македонија кои се одзиваат на покани на Албанија и Косово и објавуваат во почетокот на јануари 2017 година заедничка декларација, наречена од противниците „Тиранската платформа“. Во неа има најразлични барања, некои разумни, други неприфатливи, но ДПМНЕ ја сатанизира и распалува етнички протести со јасна цел: непризнавање на резултатите од изборите и зачувување на власта. Употребен е и поставениот од партијата претседател на републиката Ѓорге Иванов, кој го крши уставот и одбива да даде мандат на парламентарното мнозинство за формирање влада.
Партизацијата на државата и општеството на Република Македонија се изложени како на излог пред поблиските и подалечни европски партнери. Досега владејачкиот тим ја мобилизира улицата, ја користи како лице за етничкото противење креативната интелигенција (оперски пејачи, театарски директори, режисери, актери), која вешто е поттикнувана во последниве години. Целта е прозрачна – за да ги избегне губењето на власта и судската одговорност врхушката би разгорувала етничка конфронтација и би жонглирала и поставила на карта основите на државата.
Бог да го прости Никола Младенов!
––––––––––––––––
автор: доц. д-р Наум Каjчев бивш генерален конзул на Р. Бугариjа во Битола
