Речиси две години од масовните граѓански протести во Македонија, улиците на Скопје повторно се исполнија со незадоволни граѓани. Резултатите од последните избори во декември 2016.г. покажуваат дека поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и опозицијата им – Социјалдемократскиот сојуз на ЗоранЗаев се со речиси израмнети сили, а во 120-члениот парламент влегуваат уште 4 албански партии. Никола Груевски не успева да формира работен кабинет и го враќа мандатот.На 1-ви март, претседателот на Република Македонија – Горге Иванов одбива да направи втор обид за доделување на мандатот за составување на владата со загриженост дека овој потег би можел да го наруши Охридскиот договор, кој стави крај на етничкиот конфликт во Македонија во 2001 година. По владината криза, која траеше година и пол, во Македонија повторно се задава ескалација на тензиите. Овој пат експертите не исклучуваат и сценарио за граѓанска војна. Сето ова во контекст на отворање на „стари рани“ на земјите од поранешна Југославија и толку кревкиот мир во регионот. На оваа тема разговараме со политичкиот аналитичар и експерт за Македонија – г-дин Мирослав Ризински.

1.Скандалите со прислушувањата беа последната капка кои во мај 2015.г. предизвикаа масовни граѓански протести против владата на Никола Груевски.Следеа долги преговори, со помош и на ЕУ, за предвремени парламентарни избори, кои по неколкукратно одложување се спроведоа дури во декември месец 2016.г. Г-дин Ризински, опишете ја накратко ситуацијата во Македонија по одбивањето на претседателот Иванов да и даде мандат на следната политичка сила, од последните избори.

Како што споменавте во Вашето прашање, главната причина која доведе до предвремените парламентарни избори во декември месец 2016 година беа скандалите со масовните прислушкувања. Од нив граѓаните на Република Македонија, а и меѓународната заедница во детали разбраа за политичките практики на управување на ВМРО-ДПМНЕ. Политички практики кои накратко може да се окарактеризираат со криминал и корупција во високите ешалони на власта и целосна партиска контрола врз медиумите, судството и администрацијата. Со помош на ЕУ од страна на сите политички партии претсавени во парламентот на Р. Македонија беше потпишан договорот од Пржино кој главно регулираше создавање услови за спроведување на демократски и фер избори, но и формирање на Специјално обвинителство со основна задача испитување на сите незаконитости кои произлегуваат од содржината на аудио записите од прислушкувањата. Токму продолжувањето на работата на Специјалното обвинителство стана едно од главните услови во преговорите меѓу политичките партии во Република Македонија за создавање на парламентарно мнозинство за формирање влада. Како што споменав  и претходно до овие предвремени избори се дојде главно како резултат на скандалите од прислушкувањата, што од своја страна пак доведе за прв пат по долгогодишното гласање по строго етнички принцип, голем процент од македонските Албанци да гласаат за опозиционата СДСМ. Овој преседан ја докажа желбата на македонските граѓани независно од етничкото потекло за функционирање на правната држава и брзото вклучување на државата во евроатлантското семејство. Токму поради тоа беше изненадувачко потпишувањето од страна на сите партии на македонските Албанци на т.н. Албанска платформа по изборите, што дополнително го усложни процесот на создавање на парламентарно мнозинство. Најмногу овие компликации дојдоа откако Никола Груевски не успеа да создаде парламентарно мнозинсто и го врати мандатот на претседателот на Р. Македонија. Тој го обвини СДСМ за национално предавство, партијата што во меѓувреме откако го доби мандатот од претседателот Иванов успеа да создаде парламентарно мнозинство од 67 пратеници за формирање влада, со поддршка на три од четирите парламентарно претставени партии на македонските Албанци. Главните „аргументи „за обвинението за националното предавство главно  се во насока дека со усвојувањето на двојазичността СДСМ работи против суверенитетот и за понатамошна федерализација на државата.Од изјава пак на потпредседателот на најголемата партија на македонските Албанци ДУИ г-ѓа Теута Арифи разбираме дека во преговорите им со ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевскиги  прифатил сите нивни барања сврзани со користењето на албанскиот јазик и дека главна причина поради која не е дојдено до договор на двете партии за формирање влада,  е неподготвеноста и одбивањето на Груевски специјалното обвинителство да продолжи со својата работа.Не треба а да не се потсети дека за остварување на дел од барањата според Албанската платформа (промената на државните симболи на земјата-грб и химна и воведувањето на албанскиот јазик како официјален јазик на територијата на целата земја) бараат од своја страна и промена на македонскиот устав за што се потребни минимум 81 пратеник. Повеќе од јасно е дека новоформираното парламентарно мнозинство од 67 пратеник практично нема како да го промени уставот со цел задоволување на овие спорни барања.За тоа нешто се свестни и Никола Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ. Но стравот да се соочат со специјалното обвинителство и судството за сите прекршувања на законот кои тие ги направиле во времето на нивното управување, ги тера да ги поттикнуваат македонските граѓани да ја „спасуваат“ Македонија од двојазичността и федерализацијата. Целта е со масовни протести да се спречи формирањето на нова влада и во продолжение да се организираат нови предвремени избори, единствен начин да се запре работата на специјалното обвинителство и на тој начин да се избегне одговорноста. Во реализацијата на овој план помогна и претседателот Ѓорге Иванов кој произлегува исто така од ВМРО ДПМНЕ, со недавањето на мандатот на лидерот на досегашната опозиција Зоран Заев. Со ова дејствие на грубо кршење на уставот на Р. Македонија и волјата на мнозинството граѓани на државата, дополнително се продлабочи политичката криза во државата.

Претседателот Иванов го аргументираше одбивањето за доделување на мандатот на партијата на Заев со тоа што тоа би било неуставно. За возврат Заев го обвини државниот глава за преврат. Кои се реалните стравувањата на претседателот Иванов – „Албанската платформа“ и потенцијалното нарушување на Охридскиот договор или крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со чија поддршка веќе втор мандат е на чело на претседателската институција?

2.Како ќе ги коментирате изјавите и прогнози на странски политички претставници за распаѓање на Македонија? Покрај споменатиот од претседателот Иванов Еди Рама (премиер на Албанија), тоа биле Дејна Рорабејкер (американски конгресмен), како и Сергеј Лавров (министер за надворешни работи на Русија).

Претседателот Иванов согласно Уставот е должен безусловно да го довери мандатот на „претставител на партијата, или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“. Тој не е институцијата која одредува дали одделни платформи или политички програми не се во согласност со законите и уставот. На овој начин тој ги наруши принципите на основната поделба на државната власт во една демократија на извршна, законодавна и судска власт. Одделно, владината програма на новото парламентарно мнозинство ќе биде претставена пред парламентот откако е добиен мандатот и се наметнува логичното прашање, што одредува за неуставно г-дин Иванов (дури и под услов дека тоа е работа на судството) под услов кога сеуште нема владина програма за дискусија на оваа фаза. Под услов кога немаме одлуки на извршната и законодавната власт во насока на реализација на „спорните“ точки од владината програма, единствено меродавното-судството нема можност за нивно оспорување и прогласување како незаконски и неуставни.

Веќе ги коментирав во претходното ваше прашање причините за одлуката на г-дин Иванов за недавање на мандат за формирање на нова влада. Загрозената клика на ВМРО ДПМНЕ од работата на специјалното обвинителство, е подготвена да се спасува и по цена на дестабилизација на државата со можност за негово проширување и во регионот.

Не случајно високи претставници на САД, ЕУ и НАТО упатуваат сериозни пораки до претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука и да го даде мандатот на Зоран Заев за формирање на нова влада.

Од подолго време чувствуваме дестабилизирачки процеси на Балканот, кои го одложуваат приопштувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Ајде да се потсетиме за референдумот во Република Србска, за провокацијата со србският воз во Северно Косово, обидот за државен удар во Црна Гора. Во моментов во потенцијално жариште за нестабилност се претвора и Р. Македонија. Доволно е да се посочат директните актери на овие дестабилизирачки процеси во самиот регион, како и државата која безрезервно ги поддржува за да се разберат стратешките цели на актерите, но и на „покровителот“. Иако актерите во наброените точки на дестабилизација се наоѓаат во различни земји од Западен Балкан, сите имаат заеднички именител како поддршка за нивните активности. Генералното за сите актери е дека се навлекуваат на краен национализам, кои се потхрануваат  еден со друг, со цел предизвикување на меѓуетнички конфликт и ново прекројување на границите на Балканот. Токму во овој контекст може да се коментира и изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека „Без Албанците нема да има Македонија“. Тој можеби и да има оправдување за изјавата. Бил предизвикан од одбивањето за давање на мандат од г-дин Иванов за формирање на нова Влада, но и со упатениот предлог на ВМРО ДПМНЕ кон СДСМ за заедничка коалиција со цел исклучување на Албанците и нивните барања од политичкиот живот. Актерите кои декларативно се најожестоко против федерализацијата во практика со своите постапки го иницираат. Но она што е неспорно и предизвикувачот и предизвиканиот влегуваат на тој начин во интерес на заедничкиот именител. Колку и да е нормално официјална Тирана да се грижи за правата и статусот на Албанците во Македонија и Косово, како членка на НАТО и аспирант за ЕУ треба да води политика за стабилизација на регионот на Западен Балкан и не менување на границите. Точно и во овој контекст треба да се анализира и изјавата на американскиот конгресмен по една телевизија во Тирана дека „… Косоварите и Албанците од Македонија треба да биде дел од Косово, а остатокот од Македонија треба да биде дел од Бугарија или од друга држава со која тие сметаат дека се сврзани“. Се разбира дека тоа е индивидуална изјава на еден американски конгресмен која нема никаква врска со официјалната политика на САД кон Македонија. Макар што со оваа изјава тој личеше на портпарол на некој од горенаведените дестабилизирачки актери. Нека да не заборавиме дека во 2008 година меѓу САД и Македонија е потпишан договор за стратешко партнерство и соработка. Со договорот САД ја гарантира безбедноста и територијалниот интегритет на Република Македонија во постоечките граници и официјално по изјавата на Рорабејкер уште еднаш ја потврди својата позиција. И на крајот дали сите овие изјави и поцеси на Балканот не се логична последица на едно изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој во 2015 година проговори за опасност од поделба на Македонија, меѓу Албанија и Бугарија. Или поскоро со оглед на процесите во Западен Балкан и посебно во Р. Македонија, се прават напори „остатокот од Македонија да биде дел од друга држава со која тие сметаат дека се сврзани“. А која би била оваа „друга држава“ освен стратешкиот партнер на Москва-Србија? Г-дин Лавров се чини дека учел главно од учебниците на Коминтерната, но името, делото и етничките карти на неговиот славен претходник и дипломат Граф Игнатиев целосно му се непознати! Токму поради тоа ЕУ и НАТО треба да земат брзи мерки за спречување на ова сценарио.

––––––––––––––-

Интервjу на Мирослав Ризински за специјализираниот чешки сајт за Балканот ʺБуре со барут”. Интервјуто во оригинал може да го видите овде.

Мирослав Ризински е член на раководството на Бугарски Културен Клуб Скопје ( БККС) и главен уредник на новинарскиот сајт www.tatkovina.info.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO