Доцна синоќа лидерите на Демократската унија за интеграција /ДУИ/ Али Ахмети и на Социјалдемократскиот сојуз /СДСМ/ Зоран Заев одржаа состанок во седиштето на партијата на Заев во Скопје.
Двајцата разговарале за варијанти за излез од политичката криза во Република Македонија откако претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека не се отстранети пречките за давање на мандат за составување на нова влада на Зоран Заев. Ахмети и Зоран Заев разговарале и за стратегијата за започнување на работата на државните институции.
„Неопходно е да се најде начин за започнување на работата на Народното Собрание на Република Македонија, за да може да се движиме напред во преговорите за изградба на институциите кои треба да jа водат земјата …. Треба да зборуваме за оваа стратегија. Треба да водиме преговори со сите политички партии и да постигнеме согласност на сите главни партии, за да може парламентот да почне со работа и да бидат избрани парламентарните комисии“, рече Ахмети на излегување од средбата со лидерот на СДСМ.
Според него формирањето на новата влада треба да стане откако ќе биде избран нов претседател на парламентот, кој формално ќе го информира државниот глава дека постои парламентарно мнозинство и програма и врз оваа основа тој да му врачи мандат на Заев.