Македонското Министерство за надворешни работи остро ги осуди провокативните и заканувачки пораки на официјалните лица од Албанија.

Во посебна декларација МНР во Скопје повикува официјалните власти во соседството да се воздржат од настапи, кои поттикнуват тензии и не се во духот на европските вредности.

„Многу коректно ќе биде таа енергија да се користи за конструктивни предлози и иницијативи, кои ќе ја подобрат соработката и довербата помеѓу двете земји и ќе доведат до подобрување на стандардот на граѓаните“, се вели уште во соопштението на македонското МНР.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO