Rayko_Zhinzifov2По неговот пристигнувањето во Москва во 1859 година, Жинзифов се запознава со многумина Бугари кои живеат во градот. Заедно со нив, во истата 1859 година, создаваат Московска бугарска дружина, чиј печатен орган станува списанието „Братски труд“. Ви го објавуваме предговорот (адаптиран на македонската книжевна норма) кон книгата IV на списанието од 1862 година напишан од Рајко Жинзифов.

ʺАко фрлиме краток поглед врз денешната новобугарска писменост, ние ќе видиме дека бугарскиот од шест милиони народ има само три повременни изданија: „Цариградскиј весник“, „Бугарски книжици“ и „Дунавскиј лебед“. Колку  и да е жално, колку и да е тешко дека еден народ, кој сја протега долж Дунав и околу бреговите на Црното море до устието на Вардарот, крај бреговите на Белото море од Тесалија, околу до Ниш и околу до Видин и др. …, при денешните му потреби има само три Газети, но фала богу и на тоа! Нашите татковци и тоа го немале!

Бугари! Каква е таа клета судбина на милата наша мајка Бугарија! Какви се тие тешки бугарски маки како претходни, така и сегашни! Се кине срцето на човекот, неговата душа не ќе може да го држи во телото, кога човек си помисли каква густа и мрачна магла го покривала и се уште го покрива небото на сиротата ни мила Бугарија и какви пречки треба да се преминат, за да блесне сонце по замръзнатата, бугарска земља, да озеленеат широките цветни полиња, да дадат плод заборавените исушени ниви, да разцветат плодните дрвја …, да замолкнат вештерки-кукавици кои кукаа и досега кукаат над Бугарија!

Бугаријо! Јадна Бугаријо! Дали виша божја сила те доварди од јавна смрт? Или твоите народни начела, твоите народни сили се толку тврди та не можеа да те надвијат толку и толку зли непријателски сили? … Турци-анадолци од четири стотини години те мачат и те накажуваат, ти ја пијат жедно крвта како морски пијавици. Турчин вели на твој син Бугарин: „Ти си ѓаурин, промени си ја верата или легни под мојта нож.“ Турчин ја гази честат на твојата тенка, висока, црноока, белолика Бугарка. Турчин влегува во куќата на мирниат бугарин, го вади од  ножницата долгиот страшен нож, го закачува на земља, а милата ми, младата ми Стојна му стои простум на нозе и го служи со рујно вино, со лута ракија. О! Да би змија лјутица да би го изела! Мајка, жална мајка ја лула својата клета рожба и жешки , дребни како бисер, рони солзи над неа! Младо момче бугарче тргнува на пат со надеж да спечели некоја паричка, за да ја нахрани старата си мајчица, слепиот си татко и клетата си сестричка, а кога ќе погледнеш на другиот ден, застанат на суво дрво црн гавран и гракајќи, и вели: „Клета бабичко, го убија син ти …“ И не стигнува само тоа, но еве ти и други крвопијци, сури мечки-мршојадки, зли Грци, клети фанариоти! Они те преколнуваат да не зборуваш на бугарски, ти ги горат училиштата, ти ги горан староставните бугарски книги, ти ги прогонуваат учителите, те предаваат во турски раце и ти, ти негрешен бугарин, киснеш во мрачната темница, губиш младост, тлееш, тлееш како восочна свеќа и коски оставаш во темница. А зошто? Затоа што сакаш да донесеш невина корист на народот, бидејќи сакаш да го оживееш својот погазен мајчин литературен јазик, бидејќи сакаш да пишеш на бугарски, а не на грчки, бидејќи сакаш да го славиш името Божјо на свој литературен јазик, бидејќи сакаш да не се смеат над верата ти, во која си се родил и пораснал со безбројни маки и што ти ја оставиле дедо ти и прадедовци ти. .. Погледнете, браќа, погледнете и видете што прави гордиот фанариот: јавнал си брза врана коња како крджалиски делибаша, а по него тргнал цел табор војска, за да ги покори непокорните Бугари! Слушнете што вели народната песна: „дека сја чуло, видело, владика Турчин да биде …“ Погледнете што се прави во неговата соба – стојат пред него младо момче и млада мома, сја клањаат до земља, ја целиваат негов пола да им позволи да сја венчаа. А тој? тој држи во рацете долг и предолг чибук, со лице намуртено, налутено вели: „Бугарину, дебела главо! Или пет илјади, или лежи во железата, дури да изгниеш …“

Лјуди зли! Лјуди добри! Замете ги нашите народни песни и дознајте какви врели солзи пролеала и уште пролева Бугарија, какви лути и јадни болки претрпе и уште трпи сиромашка Бугарија … Но не  сака перо да пишува бугарски маки, а нека да кажеме два збора за „Братски труд“.

Затоа што искрено и топло како Бугари ја љубиме заедничката мајка Бугарија, ние, ако сакаме да пренесеме на родот си каква и да е мала корист, ако и далеку од татковината си, и ако немаме други сили освен перото,макар и слабо, ние сја решивме според силите да принесеме нешто и на нашата книжевност со изданието од време на време на мали книшки под наслов „Братски труд“. Пред две години ние започнавме да ги издаваме овие книги и за две години ние издадовме само три книги околу 10 печатени листи. Не е ли за чудење дека во толку време луѓе, кои велат дека топло ја љубат Бугарија, успеаа да направат  премалку нешто? Ние велиме не е за чудење, бидејќи главната причина на тоа закаснуване е нема средства, а без средства ништо не се прави. Ние сега решивме да издвоиме од насушниот си леб, за да издадеме за две години три книги со надеж дека Бугарите кои се наоѓаат надвор..

Извор: скенирана од оригинален примерок

Автор: Родениот во Велес Рајко Иванов (Јованов) Жинзифов (1839-1877, Москва) е истакнат бугарски поет и преродбеник. Завршува историско-филолошки факултет при Московскиот универзитет и живее во средина на младата бугарска емиграција во Москва – заедно со Љубен Каравелов, Нешо Бончев, Константин Миладинов, Константин Станишев, Васил Поповиќ, Марин Дринов и др. Издаваат бугарско книжевно-општествено списание „Братски труд“ (излегло во четири броја во 1860-1862 година во Москва). Во текот на целиот престој во Русија Жинзифов развива огромна публицистичка активност во рускиот периодичен печат за запознавање на руската јавност со маките на бугарскиот народ.

За повеќе информации за авторот тука.

За да ја прочитате книгата во оригинал притиснете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO