Пречки за доделување на мандатот уште не се отстранети, изјавија од кабинетот на претседателот на Македонија по повод повиците од СДСМ да биде даден мандат на партискиот лидер Зоран Заев.

„Претседателот Иванов останува на својата позиција, изразена во обраќањето до граѓаните на Република Македонија од 1 МАРТ 2017 година. Пречките за доделувањето на мандатот за формирање влада уште не се отстранети „, изјавија од кабинетот на претседателот.

Во своето обраќање претседателот Иванов инсистираше Зоран Заев отворено и јасно да ја отфрли албанската платформа која претставува закана за основните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани. Според претседателот,  оваа платформа ја става земјата во позиција на подреденост или зависност од друга земја, земјата ќе биде оштетена, а нејзината унитарност, суверенитет и независност ќе бидат загрозени. „Додека сум претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на едно лице, ниту на партија, кои во својата платформа заложуваат  на посегнување на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Тоа се основни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапувам од нив „, рече во своето обраќање шефот на државата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO