Актуелните превирања кои ги провоцира ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат само заокружување на една несреќна приказна кое ќе му стави крај на кариерата на Никола Груевски на истото место и со истите слогани со кои таа кариера започна, пише Deutsche Welle.

Балканските политичари ја имаат таа предвидлива навика секогаш да се враќаат на „местото на злосторството“, а својот модус операнди да го врзуваат за една тема или лајтмотив од кој ја црпат политичката енергија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски на почетокот на својата кариера на домашната, па и на меѓународната јавност, ѝ се продаде како млад технократ и економски реформатор. Внимателно градениот имиџ, уште од годините кога беше во опозиција, секогаш се врзуваше со неговите „преродбенички“ планови: вработувања, инвестиции, реформи, ЕУ и НАТО интеграција.

Референдумот како нулта точка

Сепак, замаецот на политичкиот капитал кој го создадоа Груевски и неговата партија, а кој по изборите во 2006 година се брои во минимум 400 илјади гласови на секои избори, не беа ни „Преродбата“ ниту ветувањата за реформи. Тоа беше референдумот за територијалната поделба кој ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Груевски го организираше во ноември 2004 година, иако формалниот иницијатор беше Светскиот македонски конгрес. За потсетување, на почетокот на иницијативата ВМРО-ДПМНЕ не се приклучи кон акцијата за собирање потписи, а Груевски беше и остро критикуван од другите тогашни опозиционери. Дури кога собирањето на потребните 150 илјади потписи стана критично, тогашната најголема опозициска партија активно се вклучи во акцијата, а Груевски ја презеде лидерската палка. Мобилизацијата преку изјаснувањето на граѓаните му помогна на Груевски да ја зацврсти својата позиција во партијата- длабоко поделена по превирањата во хотелот „Панорама“, но и да се наметне како единствена релевантна опозиција во државата.
Референдумот не помина, но „добиените“ 427 илјади гласови беа и повеќе од солидна основа, од која Груевски натаму ја градеше својата стратегија. Клиентелизмот, притисокот и злоупотребата на државната администрација и гушењето на медиумските слободи, во меѓувреме, речиси, ја забетонираа оваа бројка.

уште читаjте ТУКА


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO