
Поради вкрстување на многу интереси тука на Балканот, талентирани демагози и испечени арамии како Мило Ѓукановиќ, Александар Вучиќ и Никола Груевски се грижливо заштитени од главните играчи на геополитичкиот покер. Така Ѓукановиќ стана херој за Западот, Груевски – миленик на Русија, а итрото момче од Белград, Вучиќ, успева да се допадне и на едните и на другите. Сега во мода е Груевски. Кафанскиот фолклор го канонизира како кум на македонската државна мафија. Тоа е шлагерот, кој се пее од мнозинството. Во средините запознати со тајните на подземјето на власта, одамна се зборува за политичката рак-рана „Груевски-Мијалков-Јанкуловска“, а оние кои не го заборавиле заветот на дедовците, го обвинуваат Груевски за два смртни грева.
ПРВО. За неколку мандати на чело на ВМРО тој, без капка срам, ги испразни овие четири букви од содржината, што беа го вложиле во нив Даме и Гоце, Тодор Александров и Иван Михајлов и удобно се потпираше на абривиатурата ДПМНЕ, чија срцевина се состоеше од стремежот да се чуваат југопостулатите за Македонија и во новото време. ВТОРО. На овој фалсификат тој му соши многу скап антички костум под кој беа скриени сите оружја, создадени од Новаковиќ до Темпо, Ранковиќ и Тито. Веќе на сите им е јасно дека Груевски е непријател на ВМРО и дека ВМРО, нема никаква врска со ДПМНЕ. ЕВЕ ТИ И ПАРАДОКС: Заев, чии лидерски способности се скромни, добива шанса да ја спаси и суштината на ВМРО. Како? Благодарение на силниот меѓународен притисок СДСМ, традиционално поврзан со Белград, сега се обидува да го компонира својот воз на други шини. Ако состави влада и го предаде Груевски во рацете на правдата, тој без да сака би создал услови ВМРО конечно да ги побара вистинските корени и преку едно ново раководство, да ги врати значењето и содржината на неговиот дух, нераскинливо поврзан со идеите, борбата и разбирањата на преродбениците и револуционерите. Категоричността со која Заев го отфрли барањето за осуда на геноцидот врз Албанците по 1912 г, велејќи дека тоа е политика на српската држава, тој ја сугерира и насоката на неговата евентуална еволуција.
ЕВЕ ГО И СЛЕДНИОТ ПАРАДОКС: Албанците, гонејќи ги сопствените цели го расчистуваат патот за евроатланската интеграција на Македонија, од што се плашат најмногу Атина и Белград. Формирањете на влада со албанските партии сосема не значи дека ќе биде усвоена и нивната Платформа. Хистеријата за двојазичността вештачки се подгрева од Груевски, поради неговиот страв од одмазда за направените насилства. Секоја уставна промена во Македонија е можна само со одобрение на две третини од пратениците. Ова ја изискува поддршката на ВМРО, кое нема да се случи. А Албанците не од денес бараат опции за постигнување на своите цели. И нема што во Скопје да се прават на изненадени од Платформата, создадена во Тирана. Не е толку далеку 1991 година, кога тие го бојкотираа новодонесениот Устав, бидејќи тој копираше многу од правните норми на Титова Југославија. Македонската политичка и интелектуална елита многу добро се сеќава дека уште во 1998 година претседателот на Албанската академија на науките академик Ули Попа изработи сличен документ. Во 2002 година се појави и Платформата на Фронтот за албанско национално обединување / ФАНО /, исто така развиен во Тирана. Нема како да се заборави и отвореното писмо на тогашниот претседател на МАНУ академик Георги Ефремов, со што на 8 март 2001 година ги повика своите колеги од Тирана да седнат и да разговараат за проблемите. Несомнено, Албанците ги следат своите максималистички цели, но која влада по 1991 година ги претвори нивните агресивни претензии во дипломатски приоритет? Во декември 2016 година, Еди Рама, Зиадин Села и Билал Касами беа охрабрени од статијата на англискиот поранешен дипломат, а сега аналитичар и универзитетски професор Тимоти Лес, како и од зборовите на американскиот конгресмен и албански лобист Дејна Рорабејкар за поделба на Македонија, но позицијата и на официјален Лондон, и на Белата куќа е дека тие цврсто стојат зад територијалниот интегритет на земјата и зад мултиетничкото општество.
Зошто ниедна партија, по овие провокативни изјави, не го објави текстот на Охридскиот договор од 13 август 2001 година, прифатен под покровителство на меѓународните посредници Џејмс Пердју, Ален Жупе и Франсоа Леотар, заедно со новата албанска Платформа за да се разбере дека има само еден меѓународно признат документ за правата на Албанците во Македонија !? Нека Заев да формира нова влада! Македонија нема да пропадне. Тогаш ќе се разбере што точно договорил со Али Ахмети и неговата компанија. И ако ги надминал правата и моралот, има парламент, кој ќе одлучи кој ќе биде следниот чекор. Ова ќе отвори простор за забрзување на евроатлантскиот процес на интеграција. Ќе му помогне и на ВМРО да се ослободи од југоносталгичната наркоза на ДПМНЕ и преку нови лица во раководството, да се сврти кон автентичната суштина на оваа организација. А што гледаме денес? Новинари, кои го прифатиле во најскриената суштина србизмот како сочувство и отруени од бугаромразие – пример Мирка Велиновска, се најекзалтираните бранители на ВМРО. Која перверзија! И токму тука е зашифруван најголемиот заговор против оваа најсамобитно-вистинска македонска организација. При една нова влада, со поддршка на меѓународната заедница, ќе бидат дрпнати многу и од адутите на Србите и Грците. И конечно, тоа ќе им помогне и на албанските политичари да погледнат трезвено на реалностите. Без Али Ахмети и Мендух Тачи, кои исто така се клиенти на правдата, тие ќе имаат можност да направат помудар политички избор. Ако ли не, анексионистичките им претензии, поттикнувани од Тирана, ќе го еродираат балансот на геополитичките интереси, со што никој нема да се согласи.
На Македонија и претстои тежок, но заздравувачки пат. И таа ќе го изоди со достоинство. А Бугарија? Таа конечно да ја преземе својата одговорност. Не пред актуелната политичка конјуктура, а пред историскиот момент. Новиот почеток во односите меѓу двете држави тропа на вратата. Тоа ќе биде болно-измачувачко, засеано со многу замки на минатото, но е неизбежно. И во тоа никој не треба да се сомнева!
Автор: Иван Николов ( директор на списанието ʺБългария-Македония ), преземено од БГНЕС
