Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на прес конференција ја објави новата владина програма.

Во програмата, која ја најави како програма која ќе донесе подобар живот за македонските граѓани, Заев објасни и како ќе се овозможи унапредување на употребата на јазиците во Македонија.

„Ако некој граѓанин има право да го зборува својот мајчин јазик, тоа не значи дека некој друг губи. Напротив, добива Македонија“, рече Заев.

Тој појасни дека граѓаните Албанци во Македонија ќе можат во институците да се обраќаат и да поднесуваат барања на својот мајчин јазик.

Заев рече дека не само Албанците туку и другите малцинства во земјата, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, ако се 20 отсто во општината каде живеат ќе можат да се обратат до институциите на својот мајчин јазик.

Тој рече дека е лага дека сите во училиштата ќе мора да го учат албанскиот јазик. Потенцира дека Уставот на никој начин нема да биде погазен со овозможувањето на употреба на јазиците во Македонија.

Заев потренцираше дека по консултацијата со експерти, нема да има двојазични банкноти или униформи, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот бидејќи денарот и униформите се употребуваат на целата територија на Република Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO