– Кои се лекциите за денешниот ни 3-ти март, професоре?

– Основната поука од 3-ти март е дека и до денес не е осмислена содржината на овој датум. Од една страна самиот чин на ослободување, независно од руските интереси и сè друго, е фундаментален и во тоа не може да постои сомнеж и спорови, затоа што периодично такви се појавуваат. Од друга страна, сепак не треба да се заборави дека не се ослободени сите бугарски земји, дека 3-ти март дава почетокот како на слободата, така и на неслободата. Наместо една голема обединета целокупната држава се појавува едно мало Кнежество, една автономна покраина; земјишта, кои се подарени на соседите – Поморавјето на Србија, Северна Добруџа на Романија и исконски земјишта, кои остануваат во рамките на Отоманската империја со нејасна судбина. Значи, ако за едни Бугари тоа е денот на слободата, за други – во Македониjа – тоа е часот на новото ропство, на новата зависност дури во потешка форма. Но тоа е осознаено од современиците и тогаш младиот Стефан Стамболов реагирал многу остро, на што еден руски офицер му вели: „Момче, за такви зборови праќаат во Сибир“. Ова се случува веднаш по Берлинскиот конгрес.

– Тоест многу заедничко има меѓу сегашноста и далечната 1878 година, кога Бугариjа се е ослободувала од турско угнетување?

– През 1878 година Бугарија направила сличен политички избор како и денес. Нашето општество и во Преродбата, и сега е ориентирано прозападно и тоа е факт. Дури најголемите одрекувачи на ова тврдење практично имаат вредности кои се поблиски до Западот отколку до руските, а камоли до турските. Политичките емоции и чувства кон Русија, Турција или кон кого и да било, туку покажува незрелост на нашето општество и неподготвеност да се мисли. Реално, нашето преродбенско општество беше ориентирано кон Запад, и покраj тоа што гледаше во Русија како на сојузник и покровител. Прозападното настроение се забележува и кај најголемите русофили. Денес изборите и јавните ставови покажуваат дека сме дел од европската цивилизација, можеби со не целосно изградени вредности, но и европските денес се во жестоката криза. Нашата традиционална ориентација, сепак, откако постои Бугарија на Балканот, секогаш е поврзана со европскиот простор, а не со она на Источна Европа, а камоли на азискиот континент.

– Но во последно време, а особено сега во време на предизборна ситуација постојано не распнуваат меѓу Русија и Западот, меѓу Русија и Турција заради политички интереси …

– Исто и поради економски, и поради стари агентурни врски. Ова служи често и за пренасочување на вниманието на јавноста. Но, пред сè отсуствува активна бугарска надворешна политика. Кај нас, се разбира, се води една повеќеслојна хибридна војна, не само од страна на Русија. Но тука се поставува секогаш прашањето дека ако jа критикуваш Русија, си туркофил и обратно. Таков избор не може да има. Ние чувствуваме едни закани од страна на Турција, други од страна на Русија. Дури нашите соседи не ни го мислат доброто, независно од декларациите за добрососедство – и Србија се меша, иако перфидно во нашите внатрешни работи, за Македонија да не зборуваме, таму антибугаризмот е издигнат на ранг на државна политика, исто така и Грција … Ние немаме доволно реакции и начини да го чуваме достоинството и да водиме една дури само вербална битка, која ќе биде на ниво. Нашето национално воспитување треба да го пронижува целото наше општество; сите земји имаат национална политика и ние не можеме да бидеме исклучок, уште повеќе што комунистичкиот режим jа беше претворил негацијата на сопствената идентичност во свое знаме.

– Да се вратиме назад во времето по потпишувањето на Сан-Стефанскиот мировен договор на 3-ти март 1878 година, за да потсетиме како Бугарија си jа плаќа слободата, вкл. и во материјална смисла.

– Сан-Стефанскиот прелиминарен мировен договор сепак си е договор. Има статус на договор, потпишан е од двете завојувани страни. При добра волја од страна на големите сили тој можеше да биде и почитуван. Но политичките сметки, во т. ч. и од страна на самата Русија, доведоа до Берлинскиот конгрес, на кој практично Бугарија беше поделена на неколку делови, а не само на две – Кнежеството Бугарија и Источна Румелија. Да не заборавиме дека како резултат на несогласие со решениjата на Берлинскиот договор бугарите од Македониjа го дигнаа Кресненско-разловечкото востание, а во последствие договорот беше и причината за созадавањето на БМОРК ( ВМОРО, ВМРО). Уште со Сан-Стефанскиот мировен договор Поморавјето беше подарено на Србија, а Северна Добруџа на Романија, што направи самата Руска империја – раздаде нешто што не е нејзино, на своите сојузници и миленици. Но, и покрај тоа 3-ти март е празник, бидејќи со него се оживеа бугарската државност, која не постоела речиси 500 години. А нашиот народ, без да го идеализираме, си има своjа свест за државност. Неслучајно, најпопуларната духовна порака е на Паисиј Хилендарски и е за бугарското царство. Да не потсетувам за сите востаниjа за време на турското ропство. Нашите предци, особено бугарската елита – духовна и политичка – доколку ја имало, секогаш го гледала нашиот пат на развој како една суверена држава. А руските генерали и руската петта колона, и тоа официјално поставена да управува во земјата, се држи така, што дури и најрусофилски настроените луѓе почнуваат да се згрозуваат од ова однесување во стил Задунавскаjа губернија. Да не зборуваме за бунтот на офицерите-русофили, за плаќањето на огромни суми на бугарски офицери, кои практично се претвораат во национални предавници. Така што на овој план не треба да правиме никакви илузии во врска со Русија. Истовремено не можеме и да одречеме дека за нашата слобода се леела крв на руски, украински, полски, литвански и др. граѓани. Но мора да им припомниме на современите русофили, поскоро на тие што имитираат некакви русофилски емоции, било поради носталгија или поради мешање на духовни и политички чувствува дека тогашната Руска империја не е Русија на Путин, тоа е една мултинационална држава, во која можеби најголемиот дел од војниците за време на војната биле Украинци.

-Како го оценувате однесувањето на денешна Турција, која се обидува да jа „држи во шах“ цела Европа, која заигра со бегалскиот поток и со своите можности да го „пушти“ или не кон Европа преку Бугарија и Балканот?

– Не треба да си правиме никакви илузии во однос на Реџеп Ердоган и неговата политика кон Бугарија. Тие сакаат да покажат дека се суверени и во многу односи се однесуваат кон Бугарија како кон свој вилает. Но современите турски геополитички миражи, во комбинација со неосоветските миражи на Путин и неговата камарила, се многу опасни за нас. Затоа треба да се однесуваме како целосен член и на ЕУ и на НАТО, без разлика дали сме мала или голема држава. И помали поставувале сериозни услови.

– Што конкретно да побараме?

– Големи гаранции од ЕУ и НАТО. Треба да го извојуваме реалното место во ЕУ и сметам дека во Бугарија има доволно потенцијал од паметни луѓе и во дипломатските кругови и воопшто, кои да го остварат. Конечно го честитам празникот на сите Бугари кај нас и во светот. И да не заборавиме дека ако едни земјишта од двете страни на Балканот, како Мизија и Тракија, добија слобода, други, за жал, како Македонија, не успеаја и беа оставени во Отоманската империја. Но денот 3-ти март е доволно велик, за да jа олицетворуваат нашата судбина и денес.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO