„Албанската платформа има превентивен карактер. Таа има за цел да го избегне пописот во Република Македонија, што може да открие дека Албанците се околу 16 отсто од вкупното население во земјата. Ова ќе го стави под прашање Охридскиот договор и сите уставни измени кои беа донесени на основа на овој договор од 2001 година“.

Ова го пишува во својата воведна статија македонскиот весник „Дневник“ по повод т.н. „Албанска платформа“, која предвидува воведување на албанскиот како службен јазик на целата територија на земјата, како и промена на државните симболи на Република Македонија.

„Албанската платформа“ беше изготвена и усогласена со албанскиот премиер Еди Рама и беше потпишана од страна на албанските лидери во Република Македонија на 7-ми јануари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO