Денеска остваривме една средба со претставници на Алијансата на Албнаците и разговаравме за актуелните теми во Македонија. Пред се, разговаравме за иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за потребите на граѓаните, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред се членството во НАТО и ЕУ, економскиот развој и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија.

Исто така, разговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите кои ги застапуваме и за кои се залагаме и секако разговаравме и околу принципите за формирање на парламентарното мнозинство во Собранието, што ќе придонесе за промена на власта, но ќе придонесе и за реализација на сите принципи за кои разговаравме денеска на оваа средба.

 

Новинарски прашања

Медиуми: Кога ќе ги добиете потписите од Алијансата, бидејќи тие не ги условуваат со нови законски решенија?

Спасовски: Ние генерално разговаравме за принципите и очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада.

Медиуми: Дали има сигнали од ДУИ, поточно за законот за јазиците бидејќи вие ги пративте забелешките?

Спасовски: За тоа се разговара се уште, кога ќе имаме генерално затворени прашања или конечни ставови по однос на предлозите, тогаш ќе ве инфомираме.

Медиуми: Дали употребата на албанскиот јазик во судските процеси е најважното прашање?

Спасовски: Разговараме околу ставовите и предлозите кои ги имаат и едната и другата политичка партија, кога ќе бидат услогласени ќе добиете информација.

Медиуми: Ќе имате наредна средба со Алијансата или оваа е последна?

Спасовски: Кога и да имаме потреба. Како сериозни луѓе, како партнери, како луѓе кои и мислат добро на Макеодонија, ние сме подготвени да разговараме во секој момент.

Медиуми: Кои се конкретните забелешки на предлог-законот од ДУИ?

Спасовски: Во врска со предлог законот, реков дека сите одговори ќе ги добиете тогаш кога ставовите на СДСМ и ДУИ ќе бидат усогласени.

Медиуми: Има ли приближувања?

Спасовски: Се уште разговараме за приближување и затворање на сите предлози и принципи кои ги имаме во однос на ова прашање


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO