Во овој момент е тешко да се прогнозира кога и под каква форма ќе се формира влада и дали ќе има повторување на изборите, но практиката ни покажа дека е најдобро да има влада со политички мандат, изјави македонскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за хрватската телевизија.

Осврнувајќи се на стабилноста во регионот, министерот посочи дека „често тензиите во него се поврзани со недостатокот на интеграција во НАТО и ЕУ. Веројатно најголемата гаранција за стабилност во регионот е, ако сите земји од регионот се дел од ЕУ и оние кои сакаат да бидат дел од НАТО, исто така, да бидат дел од НАТО. Македонија не се издвојува од останатите земји, но се разбира, се чувствува разочарување од доцната интеграција во НАТО, која требаше да се случи во 2008 година и од фактот дека Македонија нема преговори со ЕУ од 2009 година“, рече министерот Попоски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO