– Доц. Антонова, вчера Европскиот парламент усвои резолуција за Албанија, во која по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбазки беше вклучен текст со кој се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора и се препорачува тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика. Вие ги истражувате од лингвистичко гледиште овие региони. Што покажуваат вашите непристрасни јазични податоци?

– Записите и истражувањата на дијалектите покажуваат дека тие се поврзуваат со дијалектниот континуум на бугарскиот јазик. Дијалектите во Албанија поседуваат голем број типично бугарски јазични особености на сите јазични нивоа: на фонетски ниво (не мал дел од нив чуваат фонемата Ъ – изговараат дЪб, пЪт; во во многу од диjалектите систематски или спорадично е познато Я – т.е мЯсто, лЯто), на морфолошко ниво – jа познаваат членската морфема, ги употребуваат формите за простите минати времиња и т.н. Не треба да се основаме само кон диалектолошките студии, за да го докажеме тоа. Може дури и да се посочат современи пишани документи – на локалните дијалекти со латиница (азбуката, коjа се користи во Албанија), кои го докажуваат. Таков е на пример Статутот на здружението „Каj нас“ на Бугарите од Бобоштица, Корчанско, кој е официјално регистриранo во судот во 2006 година. Ова здружение чува препис на стар документ на Бугарите во областа од 1873 година, во кој тие се обраќаат со барање за помош за зачувување на нивната вера во 1873 година. Документот започнува со обраќањето: „До нашите бракьа каде што се болгари …“. Нека потсетиме дека информациите дека во Бобощица, Корчанско се зборува бугарски, се дадени од францускиот лингвист Андре Мазон уште во 1936 година.

– Што е so самосвеста на самите луѓе таму?

– Во многу од разговорите населението jа манифестира своjата бугарска самосвест. Сум зборувала со голем број стари жени кои никогаш не биле во искушение од политиката, но спонтано и категорично велат дека не се „шчиптари“ и дека во нивните семејства терминот „Македонец“ никогаш не бил користен.

 – Вие водите и курсеви за кандидат-студенти кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија. Расте ли интересот на младите кон нашите универзитети, лесен ли е патот кон нив?

– Да и во Албанија, и во соседно Косово многу млади сакат да студираат во Бугарија. Ова им дава можност да се здобијат со високо образование, признато во Европа, без да се оддалечуваат многу од семејните огништа, во една релативно блиска до традиционалниот им бит средина и при едни толерантни финансиски услови. Министерството за образование создало добар механизам за прием на студенти од бугарско потекло по т.н. 103-ти декрет, но, се разбира, тоа може уште многу да се подобрува. Сум била професор во Албанија и знам дека курсевите за кандидат-студенти од бугарско потекло се посетуваат од многу млади, но проблемот е тие да бидат организирани не само во главниот град, но и во другите области каде што живее бугарско население – Корча, Елбасан, Кукас и т.н.

– Дали мислите дека бугарската држава е должна кон нив и што би можела таа да направи за нив?

– Се разбира дека има уште многу што да се извојува. Природно многу подобро би било ако обуката на бугарски за оние кои се заинтересирани, да се организираат под различни форми од детството, бидејќи еден кандидат-студентски курс не е доволен.
Потребно е да се зголеми снабдувањето со наставна, научна и уметничка литература на бугарски јазик.
Најважно е да се прошират и гарантираат можностите за докажување на бугарските алумни на ВУЗ во Албанија, откако тие ќе завршат високото образование, за да може тие да се враќаат по своите родни места и да ги применуваат своите знаења на место. Ова може да се направи преку проширување на бугарското културно присуство во Албанија – преку организирање на радио-, ТВ емисии и преку други културни институции. Се плашам, сепак, дека токму овој дел од работата се покажува традиционално тешка за нашата држава. Но денес тоа треба да се промени.

интервју на Ана Кочева


Доц. д-р Лучиjа Антонова-Василева е раководител на Одделот за бугарска диалектологиjа и лингвистичка географија при Институтот за бугарски јазик кон Бугарската академиjа на науката. Таа била професор на Универзитетот во Тирана и ги проучува бугарските дијалекти во Албанија.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO