Македонската нација е вештачки создадена. Сите други нации – исто. Американската, руската и кинеската дури носат имињата на реални историски личности … Некои од Евреите веруваат дека се богоизбран народ, но и така да било, нивната појава е резултат на одреден историски развој. Последниот државник, кој веруваше дека нацијата му е „природно“ создадена беше Адолф Хитлер. Разбирањата му доведоа до ужасна катастрофа.
Македонската нација е млада, на помалку од еден век, но не е и најмладата нација на светот. Проблемите со кои таа се соочува сепак се уникатни. Условите, кои придонесоа за нејзината појава веќе не постојат. Таткото на идејата за нејзиното конструирање Крсте Мисирков своевремено беше напишал во „За македонцките работи“: „Често од еден народ историските услови бараат или радикална промен на народните идеали, радикален пресврт на идеалите во друга насока или му се заканува целосно уништување.“
Поголемиот дел од тогашните македонски Бугари ја прифатија промената на идеалот дури по многу тортури и тешка меѓусебна граѓанска војна. Денешните Македонци треба да ги преиспитаат идеалите од времето на СФРJ или да доживеат нови несреќи. Светот се менува и Македонија треба да се промени и тоа брзо.
Како сепак да се најде достоен начин за тоа, елитите изгледа немаат и идеја?
Меѓународниот ред, функционален од Втората светска војна наваму не се интересира за кохерентност на државите. Тој негира насилна промена на границите. Истовремено го признава правото на секоја „земја“ – колку и мала да е таа да биде независна, бидејќи спротивното е империлаизам. Меѓународниот ред сепак го негира правото на која и да било етничка група да се одвојува – бидејќи тоа би било „сепаратизам“. Во рамките на овие принципи бројот на независните држави од 1945 до сега се зголеми од 50-тина до речиси 200. Двата обиди на ОН да ја регулира мирна поделба на земја на етно-религиозна основа – поделбата на Индискиот Раџ на Индија и Пакистан и на британскиот протекторат Палестина на еврејска и арапска земја не се покажаа успешни и следеа низа војни.
Прифатено беше дека сите колонии, без разлика колку случајно биле нацртани нивните граници од колонизаторите, треба да станат независни држави. Истото важеше за републиките од распаднатите комунистички „федерации“ – СССР, Југославија, Чехословачка. Косово, кое беше субјект на Југословенската федерација, конечно го доби признанието на повеќе од половина земји во светот. Никој освен Турција на го признава насила одвоениот Северен Кипар, само неколку земји ги признаа насила одвоените од Грузија, Абхазија и Јужна Осетија. Уште помалку се подготвени да jа признаат Руската анексија на Крим. Но кога големите сили почнат да го оспоруваат меѓународниот поредок, деновите му изгледаат изброени. До воспоставувањето на нов поредок обично беснеат војни. Понекогаш се стигнува и до темни векови!
„Македонија не е земjа. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или на било која друга земја за која тие тврдат дека пропаѓаат“.
Овие зборови се изречени минатиот вторник пред албанската телевизија Визион, не се на некој балкански националист, а на американскиот конгесмен Данај Рохрабакер. Тој е претседател на комисијата на конгресот за надворешна политика кон Европа, Евроазија и новите закани.
Конгресменот не кажа дали мисли дека поделбата може да се случи без да се пролеат реки од крв. Историското искуство сепак не ни дава причина да бидеме оптимисти.
Говорот на контроверзниот Рохрабакер дојде една недела откако тој со писмо до српскиот претседател ги повика Србија и Косово да ги преиначат своите граници за да го завршаат тековниот спор околу суверенитетот меѓу двете земји. Некои високи републикански законодавци го прекорија Рохрабакер, нарекувајќи го „омилениот конгресмен на Путин“ за неговите ставови за надворешната политика. Сенаторот Џон Мекејн го нарече „лудак и маргиналец“, откако во декември тој изјави дека тврдењата за кршење на човековите права во Русија биле „глупости“.
Каков и да е конгресмен Рохрабакер изјавата му е загрижувачка.
До неодамна битуваше увереноста дека сите европски држави – кога тогаш – ќе влезат во ЕУ, во Шенген зоната, во еврозоната. Границите ќе изгубат значење. Денес, во ерата на Брекзит, на анексијата на Крим, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и по мноштвото кризи, веќе не се сите такви оптимисти. Светот се враќа кон черупките на национализмот.
Македонија, според зборовите на д-р Георги Георгиев од Македонскиот научен институт влегува во геополитички ураган. Всушност цел свет влегува во ураган, но Македонија е особено неподготвена за него.
Бугарија се разбира ја потврди политиката на заштита на независноста и територијалниот интегритет на Македонија и своjата убеденост дека сите земји од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ. Некои бугарски националисти коментираа дека конгресменот Рохрабакер ја признал историската вистина дека Македонија е бугарска. Само што таа вистина е со стогодишна застареност. Денес, според зборовите на пројавениот македонски бугарин Владо Тренески Македонија е антибугарска!
Не се малку и денешните Македонци кои мислат дека Бугарија е „антимакедонска“.
Ден по конгресменот, македонскиот академик Митко Маџунков во ТВ Нова изјави дека освен Србија, сите други (на Балканот) се обидуваат да ја избришат Македонија од мапата на светот.
Во одреден степен тој е во право. Македонија онаква каква таа беше формирана во СФРJ е неприфатлива за соседите и неодржлива во современиот свет. Грците сакаат Македонија да не се нарекува Македонија, а Македонците да се нарекуваат со друго име што ќе си го изберат. Албанците сакаат Македонија да престане да биде „држава на македонскиот народ“ и да стане барем делумно и држава на албанците, или да се подели. Бугарите не сакаме денешните Македонци да станат Бугари, но секогаш ќе држиме на тоа тие да jа прифатат историјата онаква каква била. А тоа значи да го прифатат очигледниот факт, дека во „златното“ за многу од нив време на Втора Југославија била извршена ЗАМЕНА на свеста, на јазикот на азбуката, на имињата на луѓето и била тотално фалсификувана историјата! Ден денес големото мнозинство во Македонија не е подготвено на тоа! Веруваат дека во времето на СФРJ била извршено потврдување на некеков божемен постоечки со векови македонски народ (со своj македонски јазик). Сто докази да им покажеш дека историски тоа не било така, тие ќе ги игнорираат и ќе ти покажат еден според кој и ти не си во право. Но ерозијата на идеологијата на македонизмот веќе започнала и тешко ќе се сопре.
„Кога излезе Македонија од рамките на Југославија – изjави академикот – на сите им се причини дека тоа е некој дух од ламба кој излегува и кој сега го отвора повторно источното прашање и прашањето за Македонија и нормално дека сите агресивно тргнаа, освен Србија. (…) Еве, сега да го промениме името, ќе имаме држава од вчера или од денес или од утре. Тоа се бесмислици“.
Академикот, како и речиси целата македонски елита веќе 26 години се обидува да ја глуми Југославија без моќта на Југославија. Не сфаќа дека југословенското решение на македонското прашање од 1944 е тотално неприфатливо за соседните земји и веќе нема меѓународен спонзор кој да го брани. Србија jа нема моќта да jа формулира иднината на Македонија. А и таа е веќе фокусирана на србизмот и нема да стане водач на jугословенството. Русија едвај некогаш ќе го доминира Балканот. Приоритетите на Америка се менуваат. Кој знае какви се плановите на Ердоган.
Маџунков е загрижен дека југословенска Македонија може да загине. Но упорно го негира очигледното – дека таа беше изградена врз телото на убиената домородна Преродбеничка бугарска Македонија. Грција нема да отстапи за името. Бугарија нема да се откаже од култирното наследство на голем дел од своето население. Албанците нема да прифатат дека се малцинство. Србите ќе се соочуваат со други проблеми и едвај ќе ризикуваат сè, за да jа спасуваат југословенска Македонија.
Нациите не се нешто формирано еднаш и засекогаш. Во 20 век Австрија „вештачки“ си го промени идентитетот четори пати. Започна како центар на голема империја, потоа се чувствуваше како силно одвоен дел од германската нација. Потоа прифати да е дел од Третиот Рајх. Некое време беше „ничија земја“ меѓу Истокот и Западот. Но во 90-тите години се претвори во нормална европска нација.
Бугарска Македонија во Вардарско и во Егеj беше силно уништена. Затворени беа стотици местни цркви и училишта, прогонета беше речиси целата интелигенција. Југословенска Македонија, колку и да е сакана од многумина едвај има шанса да преживее во бурното време што доаѓа . Само една нова, помирена со историјата Македонија, стратешки сојузник на Бугарија и на тој начин и на ЕУ и НАТО има реални шанси да се бори со предизвиците.
––––––––––––––-
Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
Колумните се лични мненија на авторите. Редакцијата е готова да публикува мнениjа и на други автори по разгледуваните теми.