Од неколку дена на Балканот „грмна“ веста дека влијателниот американски конгресмен Дејна Роребахер се искажал јавно за нефунционалноста на Р Македонија како држава, која нема никаква иднина во современиот свет. Лекувањето, предложено од конгресменот, е радикално и директно – поделба на територијата на таков начин што населениот дел со Албанци од Р Македонија да се спои со Косово, а преостанатиот дел да се обедини или со Бугарија, или со која и да е земја, со која „тие“ тврдат дека се поврзани.

Прочитот на prima vista небаре ја покажува желбата, прво, да се зајакне и консолидира Косово во  спорот со Србија – предниот пост во балканската политика на Русија. Споменување на Бугарија е приказна со отворен крај, односно нејзината улога може да биде земена и од друга соседна држава при поделбата на Р Македонија според „приватното“ мислење на конгресменот Рорабахер.

Геополитичкото визионерство на Д. Рорабахер личи премногу на идеите развиени (повторно како „лични ставови“) само пред два месеци од британскиот дипломат Тимоти Лес, кој најави буквално дека либералниот модел на мултиетнички и мултикултурните општества на Балканот целосно пропаднал. Како резултат на што регионот паднал во состојба на тотална „дисфункција“.

Се појавува (за да бидеме попрецизни,си  дозволуваме да поправиме – се враќа ) ерата на стабилните, одржливи национални државни организми, на земјите-нации. Процесот на национална консолидација мора да помине низ преодна фаза (или фази) на внатреетничко одделување во сега постоечките проблематични формации, со цел побезболното  им расчленување. Главно место и во претставата на Т. Лес се посветува на Р Македонија – најфрапантниот случај на „балканската дисфункција“, која треба се повеќе да се федерализира и последователно нејзиниот албански дел  да се обедини со Албанија и Косово. Таму треба да одат и албанските области во денешна јужна Србија и во Црна Гора. Истиот модел би требало да се примени и кон Босна и Херцеговина – српскиот дел на Србија, хрватската кон Хрватска. Црна Гора би можела да преживее и самостојно, и во некој вид обединување (интеграција) со Србија. Логично е Србија да ја добие и српската зона во северно Косово.

Совпаѓањата и препраќањето меѓу мислите на Д. Рорабахер и Т. Лес премногу се набиваат во очи, за да бидат плод на чиста случајност. Речиси пунктуалното (пре) наредување на регионот, почнувајќи од Р Македонија, сугерира можеби и нешто друго. Нешто што „мириса“ на поделба на сфери на влијание, на поставување на разделителни  консензусални црти меѓу големите, односно меѓу Русија и Западот (читај на прво место – САД), на Балканот. Какви и толкувања да се дозволат, јасно е едно – дека Р Македонија навлегла во окото на геополитичкиот ураган, развиорен на Балканскиот полустров од глобалното разместување на слоевите во меѓународните односи.

––––––––––––––––––-

автор: Ст. н. с. д-р Георги Георгиев,  Македонски научен институт
текстот е преземен од официjалниот саjт на Македонскиот научен институт www.mni.bg

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO