Водечкиот во телевизија Fox news Бил О’Реjли имаше интервју со претседателот Доналд Трамп емитувано во неделата. Такви интервјуа О’Реjли правел со Џорџ Буш и Бил Клинтон.

Од Fox news пуштија пред емитувањето на целото интервју извадок во кој на Трамп му беше поставено прашањето, го почитува ли рускиот претседател Владимир Путин. „Ги почитувам многу луѓе, но тоа не значи дека со нив ќе најдеме заеднички јазик“, рече Трамп. „Тој е лидер на својата земја. Би рекол дека е подобро со Русија да се разбираме, отколку да не се разбираме. И ако Русија ни помогне во борбата против „Исламска држава“ (ИД), а тоа е една голема борба, и во борбата против исламскиот тероризам низ целиот свет, тоа е добро. Но дали ќе можам да најдам заеднички јазик со него? Немам поим.“

– Но, тој е убиец“, рече О’Реjли. Путин е убиец.

– Убијци има многу, одговори Трамп. „Кај нас е полно со убијци. Вие за што jа мислите нашата земја за една таква невина ли?“.

– Не знам за ниту еден државен лидер-убиец.

– Добро, погледнете што сме направиле. Извршивме многу грешки. Од самиот почеток бев против војната во Ирак.

-Но грешките не се она нешто што ….

– Многу грешки и загинаа многу луѓе. Наоколу е полно со убијци, верувајте ми.

– Ви остануваат четири часа за спиење или нешто од овој род. Ноќе не си ли велите: „Не можам да поверувам дека сум тука. Не можам да верувам дека, без да сум политичар, без да сум се стремел кон тоа, без да сум си поставил таква цел во животот, јас станав претседател на САД „? Ви доаѓаат ли такви мисли?

– Треба да ви кажам дека еднаш, влегувајќи во Белата куќа, си помислив: „Потресно е“. Или кога се качувате на претседателскиот авион. Тоа е во некаква степен надреално искуство, но со тоа треба да се справам, бидејќи работата е вонредно многу, како во сферата на работните места, така и што се однесува до односите со земјите што не мразат. Неопходно е тоа чувство да биде надминато.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO