
Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изјави дека „Иран е најголемиот спонзор на тероризмот“ во јавен одговор на ветените од републиката „реципрочни дејствија“ против американските санкции.
„Што се однесува до Иран – тоа е најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот“, рече тој за време на прес-конференција во Токио, но додаде дека САД нема да го зголемува бројот на војници на Блискиот Исток.
Зборовите му можеби се поврзани со изјавата на иранското Министерство за надворешни работи, кое претходно изјави дека како одговор на американските санкции ќе наложи исти ограничувања. Исламската република вети да ги казнат сите американски лица и фирми кои „обезбедуваат заштита и поддршка на екстремистички и терористички групи, кои го поттикнуваат убиството и угнетување на беспомошни цивили во регионот“
