Кинеската влада ги предупреди САД да не ја дестабилизира Источна Азија, откако новиот министер за одбрана Џејмс Матис објави дека островите Сенкаку се јапонски.

„Нарекуваните од нас Острови Дјаојујдао се составен дел од кинеската територија од древни времиња, што е непроменлив историски факт“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лу Канг, цитиран од новинската агенција „Ксинхуа“.

„Ги повикуваме американските власти да преземат одговорно однесување, да престанат да прават грешни забелешки и да не доведуваат до нестабилност на ситуацијата во регионот“, рече тој.

На прес-конференцијата во азиската земја Матис изјави дека островите се предмет на долгогодишен договор меѓу Вашингтон и Токио.

„Политиката меѓу двете земји во однос на Сенкаку останува и САД ќе продолжи да повикува за јапонска администрација на островите“, рече тој.

Властите во Пекинг сепак се категорични дека договорот меѓу САД и Јапонија е производ на Студената војна и не треба да влијаат на територијалниот суверенитет на Кина.

Територијалните спорови за островите Сенкаку (Дјаојујдао) помеѓу Кина и Јапонија се заострија откако во септември 2012 година Токио еднострано прогласи купување на островите од приватни сопственици. Потоа во Кина имаше масовни антијапонски демонстрации, придружени со погроми. Кинески бродови од време на време се појавуваат во близина на архипелагот и периодично вршат демонстративно влегување во крајбрежната зона.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO