
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна во Јапонија од Јужна Кореја, идбележувајќи ги првите посети во странство на висок службеник од администрацијата на Трамп.
Така американската влада зајави посветеност за заеднички политики со двете азиски земји.
САД и Јапонија се сојузници со децении, додека соработката со Јужна Кореја датира од Корејската војна во 1950-1953 година
Сојузниците разговараа за воената соработка за сузбивање на регионалната закана од нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.
Матис изјави дека САД стои цврсто зад своите обврски и ќе ги поддржува сојузниците во секакви ситуации. Тој ја предпреди Северна Кореја за употреба на нуклеарно оружје.
„Секој напад против САД или нашите сојузници ќе биде задушен и употребата на нуклеарно оружје ќе добие ефикасен и поразителен одговор“, категоричен е министерот за одбрана.
Минатата година Северна Кореја изврши два атомски проби и серија на ракетни вежби, поставувајќи ја под закана безбедноста во регионот.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп на 10 февруари во Вашингтон.
