„Катар ервејз“ објави дека започнува да превозува патници од седумте блокирани муслимански земји кон САД. Ова се случува неколку часа откако Федералниот суд во Сиетл привремено ја сопре спорната забрана за патување, наметната од претседателот Доналд Трамп.

Одлуката беше донесена од окружниот судија Џејмс Робарт. Тоа ја налути Белата куќа и Прес секретарот Шон Спајсер изјави дека Министерството за правда ќе побара итен состанок со судот во „најкраток можен рок“.

„Наредбата на претседателот е наменета да се брани татковината и тој има уставно право и одговорност да го заштити американскиот народ“, додаде тој.

Катар ервејс патуваат до најмалку 15 американски градови, меѓу кои Њујорк, Атланта и Чикаго.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO