По долгата политичка криза не сум сигурен дека широка коалиција е добро решение за Македонија, вели во разговор за ДВ, европарламентарецот Кнут Флекенштајн.

ДВ: Поранешниот премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да формираат влада до крајниот рок во неделата. Како гледате на ваквиот развој: како неуспех или позитивен исчекор за земјата, имајќи ја предвид долгата политичка криза?

Флекенштајн: Не сме ние тие што треба да оценуваат каква влада би била подобра. Тоа им го оставаме на граѓаните и на партиите во Македонија. Ние сме заинтересирани за стабилна влада која ќе започне да ги имплементира неопходните реформи, ќе го почитува договорот од Пржино и ќе му овозможи на Специјалното јавно обвинителство да продолжи да си ја врши работата.

Нам не ни е важно дали се работи за стариот премиер или за нов, дали е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, важно е мнозинството во парламентот и продолжување на европскиот пат. Доколку тоа се случи ќе ја имаат нашата поддршка.

ДВ: ВМРО-ДПМНЕ побара нови избори откако не успеа да формира влада. Мислите дека тие ќе бидат добро решение?

Не знам што вели Уставот на РМ, но сигурен сум дека претседател не прашува само една личност да формира влада и никој друг потоа да не добива шанса. Но тоа е прашање за претседателот и за Уставот.

уште читаjте ТУКА


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO