
Русија не треба да се прифаќа како закана за Унгарија или пак за која и да е друга земја-членка на НАТО.
Тоа, го рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Дипломатот №1 на Будимпешта ги определи санкциите против Москва како „бескорисни“.
„Ние не треба да се радуваме од загубите на руската економија од овие санкции, бидејќи тоа се лоши вести и за самата Европа“, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе направи официјална посета на Унгарија следната недела – на 2-ри февруари. По тој повод Петер Сијарто изјави: „Јас лично не ја гледа Русија како закана за Унгарија“.
„Ги разбирам и почитувам поразличните мислење на нашите полски и балтички пријатели по ова прашање … Русија нема да нападне ниту една земја од НАТО. Мислам дека тоа не е во интерес на самата Русија“, истакна унгарскиот дипломат.
Петер Сијарто зборуваше и за односите меѓу Унгарија и САД и изјави дека „очекува драматичен напредок“ во односите со Вашингтон. Унгарскиот министер за надворешни работи се согласи со ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп дека „НАТО претрпе неуспех при заштитата од тероризам“.
