Францускиот претседател Франсоа Оланд ја повика Европа за „тврд одговор“ на новиот претседател на САД Доналд Трамп, кој го нарече излегувањето на Велика Британија од блокот „прекрасно нешто“, пренесе АФП.

„Кога има изјави од претседателот на САД за Европа и кога тој зборува за Брекзит како модел за другите земји, ние треба да одговориме“, рече тој во Лисабон, каде што во моментов заседаваат лидерите на седум јужноевропски држави од ЕУ.

Оланд додаде дека е потребен и „тврд дијалог“ со Вашингтон.

Се очекува подоцна денеска францускиот претседател да има телефонски разговор со Трамп.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO