
Тереза Меј пристигна во Турција на првата и посета на земјата, откако стана британски премиер, надевајќи се да ги прошири своите врски и трговските односи, пред Велика Британија да ја напушти Европската унија.
По средбата со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, таа ќе оствари разговори и со турскиот претседател Реџеп Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим во рамките на еднодневната посета во главниот град Анкара.
Како што е традиционално за секоја посета на лидер, таа се упати до мавзолејот на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк и положи венци пред зградата.
Понатаму експертите видоа деликатно зацврстување на интересот на Островот за проширување на трговијата со Турција. Турција, која се стреми да се приклучи кон ЕУ од 1960 година, одамна гледа во Британија како еден од најзапалените свои приврзаници.
По Брекзит сепак и двете страни бараат комерцијални трансакции со земји надвор од Европската заедница.
Портпаролката на Тереза Меј изјави дека фокус во разговорите меѓу лидерите ќе биде зајакната соработка за безбедност, особено во однос на авијацијата, како и обединети пазари.
„Премиерот смета дека тоа е важно и во национален интерес на Велика Британија – да соработува со Турција за голем број прашања од безбедноста и соработката за безбедност до извлекување на економските ползи“, рече таа.
Портпаролката рече дека Велика Британија ја поддржува турската влада по обидот за преврат на 15 јули минатата година, но не ја толерира репресијата од страна на Ердоган.
„Ја повикуваме Владата да гарантира дека нејзината реакција е оправдана и во согласност со правата на човекот.“
По обидот за преврат, за кој Ердоган ги обвинува проповедникот во САД Фетхуллах Гулен, беа обвинети и уапсени над 43 000 лица.
Во пресрет на посетата на Меј, британскиот министер за трговија и инвестициите Марк Прајс исто така одржа голем број средби со турски министри во Анкара.
Трговија меѓу двете земји изнесува повеќе од 14,9 милијарди евра во 2015 година, покажува статистиката на Турција. За Турција островската држава е втората најважна дестинација во однос на извозот и единаесетта за увоз.
Во Велика Британија не се воодушевени од заздравувањето на односите меѓу двете земји, особено по репресиите на Ердоган на граѓаните по обидот за преврат.
„Владата на Брекзит е толку очајана за комерцијални трансакции со секој, за кои дури и најнепријатните лидери ќе бидат барани за партнери“, изјави неодамна за „Гардијан“ ибералдемократот Сара Олни.
