Еден од најчесто упатуваните кон мене совети, додека кротко и не до толку забележливо се претворав во цепелин, беше „Наспиваj се сега ЗАТОА ШТО ПОСЛЕЕЕ …!“,придружен од нервни воздишки, белење на очи и оној карактеристичен гест со раката „Остави, Остави, не прашувај … „, кој имаме навика да ги користиме за секаков вид проблеми – од протечена машина за перење до веста дека соседот одозгора се отрул со печурки.
Петтиот пат, кога ја слушнав таа прокоба, малку се изнервирав.
Ама, какви се тие бабички, бе? Тие во дискотека оделе ли? Баровите не ги затворале ли? Не пиеле ли по цели ноќи и потоа – оп, директно на работа? Голема работа – немало да спијам. Па, ќе правам нешто друго – готвење, интернет, книги, телевизија, музика. Спорт! Бебето заспива во 12 и јас до 1 – стомачни-склекови, стомачни-склекови. Може дури и на јаже да скокам во ходникот.
Воопшто, сè е прашање на организација и желба, останатото се лигавштини, обобштувајќи уверено и со таа ведра мисла потонував во вообичаениот 13-часовен сон.
Една година и десетици часови неспиење подоцна моето мислење по прашањето е драстично поразлично. Ќе ви кажам како поминува една година неспиење во фази, пак вие водете си белешки и се надевајте на чудо.
Фаза „блажени се неуките“. Одкако 9 месеци бев спиела како мечка со хронична нарколепсија во болницата ми се случи нешто скандално – не успеав да склопам очи во ниту една од трите ноќи. Првата лежев и си ја опоплував судбината на разпарана мисирка со контракции – ако мислите дека царскиот рез ве лишува од нив, многу се лажете. Пак си ги добивате, само после бебето, а не пред него. Втората ноќ мина како првата, со едно дополнување оглувев на едното уво – само што не разбрав зошто. Веќе бев не само разпарана, но и глува. Кога и третата ноќ почна да се приближува без изгледи да заспијам, со досада си реков – Оф, еден пат да си одам дома, да си починам!
Отидов дома да си почивам и следните 3-4 месеци одлетаа како еден миг – ама од оние бескрајните. Спомените од тој миг се еднотипни – бебето почнува да плаче секоја ноќ во 1.45, бидејќи има стомачни болки, а една невротична сенка, облечена во маица, стои свиткана над кошарата и апатично дува со фен перница со костилки од цреша. Истото, без никаков успех, се повторува во 3.15 и потоа – во 4 часот. Ако некој има креативни планови да се наслика слика со црна креда, насловена „ИДИОТ“, да ми се јави – можам да позирам.
Некаде во тој период, едно рано утро се сретнавме во кујната со мажот ми и тој ми ја подаде штотуку искористената од него кафеварка, за да ја измијам и да си сварам кафе. Доверливо посегнав и ЦЕЛОСНО си ја залепив дланката за врелото и дно. И двајцата бевме многу изненадени од она што се случило и го изразивме изненадувањето – секој на свој начин.
Јас, ја зафрлив кафеварката во мијалникот и изкрештувам несврзано: „ТОА врело !!!!!“.
Мажот ми (истовремено со зборови, гестови и интензивно дигање и спуштање на веѓите, бидејќи сè уште бев глува со едното уво): „%%% !!! 888“ „%%“ !!! ???? !!!! , односно – „Ти токму ли си ????! ???“.
Од тој период сум запомнила една дата. 12 април, Велигден. Во таа голема ноќ бебето спиеше од 11 до 6 наутро, што не се повтори НИКОГАШ повеќе во таа календарска година. Колку пати во јули, а исто така и во ноември, но најмногу – во декември, сум го гледала и сум велела – „Не можеш ли да поспиеш така, како што спиеше на ДВАНАЕСЕТИ АПРИЛ ???“ Претпоставувам дека таа дата ќе ја паметам додека умрам, и на секоја семејно собирање кога веќе ќе сум сосема изветреана, пред сите ќе раскажувам како на 12 април 2015 година мојот син спиел без да се разбуди ЦЕЛИ 7 часа.
Фаза „дефектот е во вашиот телевизор“. Започна некаде од 5-от месец натаму кога почнав да заспивам, хранејќи го бебето. Седнував во леглото, погледнував со матен поглед во часовникот, одбележував на глас – за информација на пајакот на таванот – „пак е 3,15“,се потпирав на ѕидот и следното на што се сеќавам е дека часовникот веќе покажува 5 часа, јас сум здрвена како застоен труп, а главата ми е увисната напред и малку и останува да се одкрши и да се стркала под леглото. Вратот ми почна да крцка изразено и ми се наложи да спијам со перниче за патување до мене – кога ќе се разбудам ноќе, да ми е пред очите и да се сетам да ја наденам на вратот.
Почнав да заборавам кој како се вика, а исто така и имињата на различни нешта, како воз, леб, лифт, кашкавал, радио, диња и многу други. За да не молчам како комплетен глупак,ги заменував зборовите кои недостасуваат со многузначителното ЕЕЕЕ … АААА … ЕЕЕ ??? и прашален гест со раката, на кој околните, од срам да ме гледат како се мачам, одкликнуваа и започнуваа да се натпреваруваат да одгатнуваат. Кога ми се наложуваше да водам разговор со луѓе надвор од најблиското ми опкружување, повторував однапред.
Добар ден, јас сум …., Дојдов за …, кога ќе можам да … ви благодарам многу, довидување!
И на излегување гледав да не се треснам во вратата.
Неколку пати ми се случи на улицата да ме среќаваат луѓе кои очигледно ме познаваат. Мислам дека и јас ги познавав, но ниту паметам кои се ниту од каде се. Здраво, како си, како е детето, олеле, калку е сладок, целиот е на татко му(доброоо, значи го познаваат и таткото !!), и така натаму, се сеќавате, а јас се чувствував пеколно непријатно, бидејќи бев сигурна дека и пред тоа сум ги сретнувала, можеби дури сме биле заедно на море, планина или дискотека, но, да пукнам, ако се сеќавам кои се и како се викаат. Секој пат успевав да се извлечам без да се испуштам дека боледувам од амнезија, а еднаш дури и се сетив со кого сум зборувала три месеци подоцна, кога со човекот се најдовме во ист хотел и компанија.
Развив проблем со алкохолот. Во смисла дека како голтнев две-три голтки пиво, се замајував како после три големи вотка. После една такво непромислено попладневно пиво требаше да се потпирам на количката, за да си одам до дома без да припаднам во некој песочник.
Често ја прибирав истата онаа кафеварка во фрижидерот, кутијата со кафето – кај вилушките, а сушалната се заглави лошо од хартиените марамчиња кои нон-стоп ги заборавам во сите џебови на облеката. На шестиот месец, кога машината веќе виеше како парна локомотива, маж ми само ја отвораше, одвнатре, заедно со облеката, се преливаа илјади минијатурни парчиња сушена хартија и тој скршено почнуваше да си ги пребарува чорапите.
Споменот ми од тој период е една сцена што се случи во куќата до нас. Таа беше заслониште за илегални имигранти и бидејќи беше лето, врволицата беше бескрајна и деноноќна. Во поредната јулска ноќ во која бев будна, слушнав кресоци и зад завесите. Крупната, руса газдарица на јавната куќа обесена до крстот низ прозорецот на првиот кат и млати со розова апостолка по главата двајца имигранти, кои се обидуваа да се качат на ѕидот. Нема да се качувате, бе, плееес апостолка по главата, оди си одовде, плеееес апостолка по главата, исчезнувајте и двајцата, ПЛЕЕЕЕС.
Господи, си реков, јас барем имам кревет – може и да не можам да спијам во него, но го имам и никој не ме тепа со апостолка по главата. Се друго ќе биде во ред.
Фаза „хистерија“. Настапи по 7-8 месеци недостаток на сон. Разговорите со роднини и пријатели почнаа да звучат како визита во болница. Успеа ли да поспиеш? – Не. (Непријатно молчење) – Колку спа ноќеска? – Три часа. (Непријатно молчење). Па, ајде, утре пак ќе се слушнеме.
Се ме дразнеше ужасно. Таа мачка нема ли веќе да се научи да си го отвора фрижидерот и да си става сама? И како така „Каков бензин да ви сипам ??“ Епа, ставате каков има !! Најмногу ме оптоваруваа прашањата „како си помина за празниците“. Како, па како! ЕПА, НЕ ЗНАМ КАКО! Едноставно не знам како сум си поминала за празниците – сигурно сум правела нешто и сум била некаде, но немам поим што и каде.
Од време на време слушав истории за жени кои имале мали деца, кои спиеле од 9 навечер до 7 наутро. На нив брат ми (кој има близначки и е професионалец во опстанокот без спиење) им вика „бебиња-еднорози“. Сите сме слушнале за нивното постоење, но никогаш не сме ги виделе во живо.
Еднаш отидовме со пријателите на театар и јас заспав. На поаѓањеим реков на сите дека треба пак да одиме. Два часа – два часа. Кој ти ги дава.
Кулминацијата настапи една ноќ во јануари, во која детето уште еднаш одлучи дека во 1 часот по полноќ е време да тропа по корпата за ѓубре и да свири на минијатурното пијано.Се натрапив кај заспаниот ми маж, му се искрештив во увото НЕИЗДРЖУВААМПОВЕЌЕ !!! ЌЕПОЛУДАМ !!, Се стркалав драматично на креветот, ја ставив перницата на лицето и се обидов да се самозадушам (бидејќи живееме на 1-от кат и за да завршам со таа мака со скок, требаше да скокнам 17 пати).
Неочекувано за сите, особено за мене, олеснувањето настапи наскоро потоа. Можеби затоа што прооди и почна да се изморува, можеби затоа што му изникнаа триста и триесет заба, можеби и поради двете. Можеби затоа што го одбив. Искрено – не ме и интересира зошто. Единствено што ме интересира е дека сега, кога ќе си легнам во 12, се будам во 7 и не се чувствувам како нешто заплашително, кое излегло од шахтите. Сигурна сум дека многу од вас ќе ме разберат. На останатите можам само да им кажам – „Гледајте да спиете сега затоа што после …. „.
P.S. И никогаш не сум го разбирала изразот „спиев како бебе“. Како кое бебе? Наведете ми го!
–––––––––––––-
Красимира Хаджииванова ( превземено од www.maikomila.bg )