Неодамна зачестија отровните стрели кои Белград ги пушта против соседните држави: Хрватска повторно е припозната како земјата на „србомразци и долни шовинисти“; Македонија и Црна Гора се виновни поради тоа што ја признаа независноста на Косово, иако оттогаш да се поминати веќе цели 8 години; во Босна и Херцеговина пак повторно се подгрева т.н. „српски збор“. Таму српскиот лидер Милорад Додик, со безрезервна поддршка на Белград, зборува повторно за отцепување на Република Српска во Босна. Неодамна тој изјави во прав текст дека границите на земјите од Западен Балкан треба да бидат пренацртани.

Последната провокација е од пред еден месец: Белград најави дека по 18-годишна пауза го обновува движењето на возовите кон Косово и пушти по линијата за Митровица, во која доминираа Србите, северниот дел на Косово, железничка композиција во боите на Србија. Врз возот на 20 јазици беше испишано „Косово е Србија“.

Можевме да претпоставиме како ќе завршеше сето тоа: владата во Приштина го опиша ова како „српска провокација“ и испрати специјални единици на север за засилување на границата со Србија. На 50 километри пред границата возот беше запрен – за да биде спречено крвопролевање, според зборовите на српскиот премиер Александар Вучиќ. Според него, имало опасност косовските Албанци да поставуваат експлозиви на шините.

„Не сакаме војна, но Уставот не обврзува даго  браниме секој сантиметар од нашата територија и да ги заштитиме нашите граѓани“, изјави веднаш претседателот Томислав Николиќ, кој има искуство со разгорувањето на омраза – во 90-тите години, за време на војната во Косово, тој и сегашниот премиер Вучиќ се јавуваат како радикални националисти. На адреса на Приштина српскиот претседател рече: „Ако тие убиваат Срби, ние ќе jа испратиме армијата. Сите ќе се вклучиме, јас самиот – исто така.“

Од крајот на последната војна во регионот изминаа две децении. Во воружените конфликти загинаа 120 илјади луѓе, уништени беа градови и села, променети беа многу човечки судбини.

За белградскиот неделник „Време“ чинит со возот е политичко сценарио: „Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој има многу внатрешни проблеми, вкл. покрај шпекулациите дека може да му биде покренато обвинение за воени злосторства, го користи инцидентот, за да покаже дека се уште има збор во Косово. Вучиќ назад – одржува имиџ на миротворец, кој мисли за нацијата и решително ги брани српските интереси“, читаме во воведната статија на весникот, насловена „Последна станица – избори“.

Во април во Србија ќе се одржат избори за претседателски и локални органи на власта, на кои премиерот Вучиќ се надева да ја зацврсти својата власт. Постојат дури шпекулации дека тој размислува варијанти за нови предвремени избори за да се искористи максимално од високата популарност и медиумска удобност.

Дефинитивно тоа е предизборна реторика, но таа е многу опасна, предупредува Србjанка Тураjлич, позната активистка на српското демократско движење уште од времето на протестите против режимот на Милошевиќ. „Зборуваме за незрели, кревки општества. Ништо од тоа што беше руинирано од војните, не беше обновено. И сега сето тоа, за жал, се користи за предизборни цели“, посочува Тураjлич. Таа го обвинува ЕУ дека го поддржува Вучиќ додека тој да прави отстапки пред Косово.

Последните анкети покажуваат дека само 44 отсто од Србите го поддржуваат пристапувањето на земјата кон ЕУ. Противниците на членството во меѓувреме достигнаа 42 проценти од населението на земјата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO