Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија и Америка можат повторно да го предводат светот.

Таа тоа го рече пред да отпатува за САД. Меј оптимистички изјави дека во новата ера, која сега почнува, таа сака да ги обнови „специјалните односи“ меѓу двете земји.

Британската премиерка ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп во Филаделфија, каде ќе се одржи конференција на Републиканската партија.

Претходно беше соопштено дека таа ќе му подари на Доналд Трамп изрезбана шкотска чаша, а на неговата сопруга Мелани – слатко од сливи, јаболков сок и бисквити со боровинки.

Гравираната чаша со две рачки би требало да го зарадува Трамп, чија мајка е шкотланѓака, а и тој истакнува дека се гордее со шкотските корени. Обично во таква чаша се пие тврд алкохол, но Трамп е полн апстинент..

Првата дама ќе добие како подарок кошница со сладки. Во неа ќе има сок, слатко, џем , традиционални колачи и бисквити со боровинки и бело чоколадо.

Меј ќе биде примена од Трамп во Белата куќа во петок. Пред тоа таа ќе зборува на настан на републиканците во Филаделфија, на која ќе присуствува и шефот на државата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO