Италијанската полиција уапси албански државјанин под сомнение дека планирал терористички напад во главниот град. Полицијата соопшти дека Едмонд Ахметаj преку социјалните мрежи jа пропагирал каузата на џихадистите и имал контакти со свои сонародници и со имам, кој живее во Лондон и коj ги величаeл исламските терористи.

За време на нападите во Париз Ахметаj објавил текстови во поддршка на убиствата.

Италијанската полиција се сомнева дека Албанецот подготвувал атентат во Рим, бидејќи е отворен видеозапис кој укажува во таква насока.

Ахметаj со години живеел во италијанската провинција Бари со сопругата и неговиот брат, а во мај 2016 година добил италијанско државјанство.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO