Конечното гласање на законот за активирање на процесот на излегување на Британија од ЕУ ќе се одржи во камарата на општините на 8 февруари, објави претседателот на Кaмaрата Дејвид Лидингтон.

Владата го поднесе предлог-законот во парламентот денеска рано по пладне.

Долниот дом ќе одржи дводневни разговори на 31 јануари и 1 февруари, кога ќе е гласањето на законот на второ читање.

Потоа законот ќе биде дискутиран во парламентарните комисии од 6 до 8 февруари, вклучително. На 8 февруари ќе има уште еден круг дебати во камарата и ќе се пристапи кон гласање на трето читање.

Следниот чекор е разгледувањето на законот од Домот на лордовите.

Од активноста на пратениците и подготвеноста на министрите за дијалог зависи дали владата ќе успее да го го запази распоредот и да го иницира почетокот на Брекзит до крајот на март.

Лабуристите подготват 6 амандмани на законот, а Шкотската национална партија – 50.

Пратениците ќе започнат да внесуваат амандманите веднаш по објавувањето на законот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO