Барем 14 лица загинаа во експлозиите на два автомобила-бомби до хотел во главниот град на Сомалија Могадишу, пренесе агенција ДПА повикувајќи се на полицијата и очевидци.

Рано во хотелот се удри набиена со експлозиви автомобил и се разнесе.

По првата експлозија имаше и втора која рани новинари кои се втурнале кон местото по првата експлозија, соопшти АФП.

По втората експлозија исламисти навлегле во хотелот и отвориле оган.

Нападот беше против популарниот хотел „Даjа“, лоциран до зградата на парламентот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO